Bosch GSK 18 V-LI Professional Manual Original página 102

Ocultar thumbs Ver también para GSK 18 V-LI Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 20
OBJ_BUCH-1335-006.book Page 102 Friday, October 14, 2016 3:58 PM
102 | Македонски
 Извадете ги алатите за подесување или клучевите
за зашрафување, пред да го вклучите
електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во
некој од деловите на уредот што се вртат, ова може
да доведе до повреди.
 Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуации.
 Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и
ракавиците подалеку од подвижните делови.
Лесната облека, накитот или долгата коса може да се
зафатат од подвижните делови.
 Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие
правилно се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку
има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не
може да се вклучи или исклучи, ја загрозува
безбедноста и мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите
или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот
старт на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано
овие упатства. Електричните апарати се опасни,
доколку ги користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови
функционираат беспрекорно и не се заглавени,
дали се скршени или оштетени, што може да ја
попречи функцијата на електричниот апарат.
Поправете ги оштетените делови пред користењето
на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во
лошо одржуваните електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга
употреба освен наведената може да доведе до
опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
 Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден
соодветен вид батерии, го користите со други
батерии, постои опасност од пожар.
 Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат. Користењето друг вид
батерии може да доведе до повреди и опасност од
пожар.
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни
пари, клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
Технички податоци
1 609 92A 3DD | (14.10.16)
 При погрешно користење, може да истече
течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со
неа. Доколку случајно дојдете во контакт со
течноста, исплакнете ја со вода. Доколку
течноста дојде во контакт со очите, побарајте
лекарска помош. Истечената течност од батеријата
може да предизвика кожни иритации или
изгореници.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за батериски
пневматски уреди со муниција
 Појдете секогаш од тоа, дека електричниот
апарат секогаш мора да има муниција.
Невнимателното ракување со пневматскиот уред со
муниција може да доведе до неочекувано
исфрлување на муницијата и да ве повреди.
 Не го усмерувајте електричниот апарат кон себе
или кон други лица во близина. При неочекувано
активирање на апаратот ќе се исфрли иглица, што
може да доведе до повреда.
 Не го користете електричниот апарат, пред добро
да го зацврстите на делот што се обработува.
Доколку електричниот апарат нема контакт со делот
што се обработува, хефт иглицата може да се одбие
од местото на зацврстување.
 Доколку се заглави хефт иглицата во
електричниот апарат, исклучете го од мрежа или
извадете ја батеријата. Доколку пневматскиот уред
со муниција е приклучен, при вадењето на
заглавената хефт иглица би можел несакајќи да се
вклучи.
 Бидете внимателни при вадењето на заглавени
хефт иглици. Системот може да се преоптовари и
хефт иглицата да се исфрли со голема јачина, додека
се обидувате да ја одглавите.
 Не го користете пневматскиот уред со муниција
за зацврстување на електрични кабли. Таа не е
наменета за инсталација на електрични кабли, може
да ја оштети изолацијата на електричниот кабел и на
тој начин да предизвика електричен удар и опасност
од пожар.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за
да ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може
да доведе до експлозија. Навлегувањето во
водоводни цевки предизвикува оштетување.
 Внимавајте на условите на работното место.
Муницијата може да ги пробие тенките предмети или
при работење во ќошеви и на рабови може да слизне
од делот што се обработува и притоа да ги доведе
луѓето во опасност.
 За време на работата држете го електричниот
апарат на тој начин што нема да можете да ги
повредите главата и телото при ненадеен
повратен удар поради пречка во напојувањето со
енергија или од тврдите места во делот за
обработка.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од трајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете
ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе
се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите
предмети како на пр. клинци или одвртувач или
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, пушти
чад, експлодира или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за поврзување при
кровопокривачки работи, поставување на оплати и
летви, како и при изготвување на ѕидни/плафонски
елементи, дрвени фасади, палети, дрвени огради,
ѕидови за заштита од бучава и сандаци.
Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-
иглици.), која се специфицирана во табелата „Технички
податоци".
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува
на приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Штитник за делот што се обработува
2 Осигурувач при активирање
3 Затегнувачки лост за отворање/затворање на
каналот на пукање
4 Тркалце за подесување на длабочината на
граничникот
5 Прекинувач за блокада на системот за активирање
6 Чкрапало
7 Копче за отклучување на батеријата
8 Батерија
9 Рачка (изолирана површина на дршката)
10 Депо за чување на штитникот на делот што се
обработува
11 Куки на појасот
12 Магацин
13 Лизгач за магацинот
14 Зафаќач на шајките
15 Отвор
16 Ленти со клинци*
17 Пружина на магацинот
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните
измени и е сообразен со следните норми:
EN 60745-1, EN 60745-2-16, EN 50581.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ECS,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ECS
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido