OBJ_BUCH-426-007.book Page 126 Tuesday, March 22, 2016 3:33 PM
126 | Македонски
Сопствено вшмукување со кутија за прав
(види слика A1–A4)
Пред монтажата на кутијата за прав, извлечете го 6
пластичниот лизгач 13. Ставете ја кутијата за прав 6 на
млазниците за издувување 14, додека не се вклопи.
Внимавајте на тоа, пластичниот лизгач 13 да се вклопи во
држачот 12.
За да ја испразните кутијата за прав 6 притиснете на лостот
за фиксирање 15 на страната на кутијата за прав ().
Извлечете ја кутијата за прав надолу ().
Пред да ја отворите кутијата за прав 6, тропнете со неа на
цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја
отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав 6 за вградената рачка,
преклопете го филтерот 16 нагоре и испразнете ја кутијата
за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот 16 со мека
четка.
Надворешно вшмукување (види слика B)
Ставете го адаптерот за вшмукување 17 на млазниците за
издувување 14. Внимавајте на тоа, да се вклопи лостот за
фиксирање на адаптерот за вшмукување. На адаптерот за
вшмукување 17 може да се приклучи црево за
вшмукување со дјаметар од 19 мм.
За демонтажа на адаптерот за вшмукување 17 притиснете
на односниот лост за фиксирање од задната страна и
извлечете го адаптерот за вшмукување.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Менување на брусните листови
Пред да ставите нов лист за брусење, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусната плоча 9, на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално вшмукување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Брусни листови со велкро лепенка (види слика C)
Основната брусна плоча 9 е опремена со велкро лепенка,
така што брусните листови со велкро може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Истресете ја велкро лепенката од основната брусна плоча
9 пред да ја наместите на брусниот лист 19, за да
овозможите оптимално слепување.
Брусниот лист 19 ставете го израмнето на едната страна
од основната брусна плоча 9, поставете го брусниот лист
на основната брусна плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист 19 фатете го за врвот и
извлечете го од основната брусна плоча 9.
1 609 92A 2BR | (22.3.16)
Брусни листови без велкро лепенка (види слика D)
Лесно подигнете го затезниот стремен 8 и откачете го.
Водете го брусниот лист 19 до крај под отворениот заден
терминален блок 10 и зацврстете го брусниот лист со
закачување на затезниот стремен 8.
Брусниот лист 19 поставете го цврсто околу брусната
плоча. Водете го другиот крај на брусниот лист 19 под
отворениот преден терминален блок 10 и зацврстете го
брусниот лист со закачување на затезниот стремен 8.
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење 20 за вшмукување на прав.
Електричниот апарат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика E).
За вадење на брусниот лист 19 олабавете го затезниот
стремен 8 и извлечете го брусниот лист.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
За обработка на сите дрвени
материјали
За претходно брусење, на
пр. за груби нерендани греди
и даски
За рамно брусење и
израмнување на мали
нерамнини
За завршно и фино брусење
на цврсти дрва
За обработка на обоени/
лакирани слоеви одн.
подлоги, како маса за
полнење и шпахтел маса
За брусење на боја
За брусење на основната
боја
За крајно брусење на
основната боја пред
лакирање
Менување на основната брусна плоча
(види слика F)
Основната брусна плоча 9 може да се замени по потреба.
Целосно отшрафете ги 6-те шрафови 21 и извадете ја
основната брусна плоча 9. Поставете ја новата основна
брусна плоча 9 и повторно затегнете ги шрафовите.
Гранулација
40 –400
грубо
40, 60
средно
80, 100, 120
фино
180, 240,
320, 400
40 –320
грубо
40, 60
средно
80, 100, 120
фино
180, 240, 320
Bosch Power Tools