Рачен режим во хоризонтална положба
За исклучување на автоматиката за
нивелирање постојано притискајте го
копчето за рачен режим (13) додека не ја
постигнете саканата комбинација на
поставки за двете оски. На илустрираниот
екран за пример автоматиката за
нивелирање за X‑оската е исклучена,
Y‑оската ќе продолжи да се нивелира.
За да накосите една оска со исклучена
автоматика за нивелирање, притиснете
го копчето за подесување на
косината (14), додека е прикажано
менито за рачен режим.
Ако автоматиката за нивелирање е исклучена само за
една оска, можете да ја смените косината само на оваа
оска. При рачниот режим двете оски со повторно
притискање на копчето за подесување на косината (14)
можат да се менуваат помеѓу оските. На екранот трепка
ознаката за оската, чија косина може да се промени.
Накосете ја избраната оска со копчињата ▲ (4) одн. ▼ (3)
до саканата позиција.
Рачен режим во вертикална положба
За исклучување на автоматиката за
нивелирање за X‑оската притиснете го
еднаш копчето за рачен режим (13).
(Y‑оската не може да се нивелира во
вертикална положба.)
За да ја накосите X‑оската без
автоматиката за нивелирање, притиснете
го копчето за подесување на
косината (14), додека е прикажано
менито за рачен режим. На екранот
трепка ознаката за X‑оската.
Накосете ја X‑оската со копчињата ▲ (4) одн. ▼ (3) до
саканата позиција.
За да ја вртите Y‑оската, повторно
притиснете на копчето за подесување на
косината (14), додека е прикажано
менито за рачен режим. На екранот
трепка ознаката за Y‑оската.
Вртете ја Y‑оската со копчињата ▲ (4) одн. ▼ (3) до
саканата позиција.
Контрола на точноста на мерниот уред
Следните интервенции може да се вршат само од страна
на школуван и квалифициран персонал. Мора да биде
позната регуларноста при вршење на проверка на
точноста или калибрација на мерниот уред.
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Bosch Power Tools
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба секогаш да се монтира на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 m. Доколку е
возможно, поставувате го мерниот уред во средината на
работната површина.
Отстапувањата од околу 20 м мерна линија се земаат
како важни и можат при 100 м апсолутно да изнесуваат
двократно или четирикратно од отстапувањето при 20 м.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Доколку мерниот уред го надмине максималното
отстапување при подолу опишаните мерни циклуси,
извршете калибрирање со (види „Калибрирање на
мерниот уред", Страница 518) или оставете го мерниот
уред на контрола во сервисната служба Bosch.
Проверка на точноста на нивелирање во хоризонтална
положба
За веродостоен и точен резултат за проверка се
препорачува една слободна мерна линија од 30 m на
цврста подлога пред ѕид. Спроведете целосна мерна
постапка за двете оски.
– Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална положба
30 m на растојание од ѕидот на статив или поставете го
на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
30 m
– По завршување на нивелирањето означете ја
средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка I).
d
– Вртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
неговата позиција. Оставете го да се нивелира и
обележете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот
(точка II). Внимавајте на тоа, точката Ⅱ да лежи што е
можно повертикално над одн. под точката Ⅰ.
Македонски | 517
180°
1 609 92A 55C | (05.11.2019)