За употреба на апаратот како тостер
• Поставете го апаратот на посакуваната температура. Најпрво пробајте на
највисокото ниво(max). Подоцна можете да намалите или да зголемте по желба.
• Подгответе седвичи по упатството и поставете ги на долната грејна плоча.
Секогаш поставајте ги сендвичите кон задниот дел на плочата.
• Затворете ја горната плоча која има брановидна шарка дизајнирана за
рамномерно притискање на храната. Горната плоча мора да биде целосно
спуштена за да се подготват сендвичите.
• Печите 3 до 6 минути или додека сендвичите не добијат златно-кафеава боја, во
склад со вашиот личен вкус.
• Кога сендвичот е готов користете ја рачката за да го отворите капакот. Тргнете
го сендвичот со помош на пластична лопатка. Никогаш не користите метални
додатоци или нож бидејќи тие можат да го оштетат слојот кој спречува лепење на
храната за плочите.
• Користете го апаратот како тостер за да подготвите сендвичи, леб и quesadillas
(шпанско јадење со тортиљи).
• Тостерот е дизајниран со единствена рачка и шарка која овозможува капакот да
се прилагоди на дебелината на храната. Можете лесно да грилувате секаква
храна, од тенко исечени парчиња домат до бифтек и да е се рамномерно
испечени.
• Кога спремате повеќе од еден вид храна на контакниот грил, важно е
дебелината на намирниците да е постојана за капакот рамномерно да се затвори
над храната.
За употреба при отворен апарат
• Поставете го апаратот на чиста, рамна површина на која
сакате да ја подготвувате храната. Апаратот мора да биде
поставен во рамна положба
• Горната плоча/ капак е во иста рамна положба со долната
плоча. Горната и долната плоча се во линија формирајќи
голема површина за подготвување на храна. За да го поставите
апаратот во оваа положба, најдете ја рачката за спуштање
на шарката на десната страна од апаратот.
Копчето во аголот • Со левата рака држете ја рачката, со десната рака повлечете ја рачката за
шарка спрема вас. Туркајте ја рачката се додека капакот не биде на рамна работна површина.
Апаратот ќе остане во оваа положба се додека не ја подигнете рачката и капакот за да ги вратите во
положба на затворен апарат.
• Користете го апаратот како отворен грил за да спремите хамбургери, стек, живина (не
препорачуваме подготвување на пилешко со коски освен ако не е рамномерно распоредено на
отворениот грил), риба и зеленчук.
• Подготвување на храна на отворен грил е најсестран начин на употреба на апаратот. Во отворена
положба добивате двојно поголема површина за подготвување на храна.
• Имате можност да подготвувате поголем вид
на храна а да не ги мешате нивните вкусови,
или да подготвувате поголема количина на ист
вид на храна. Отворената положба на апаратот
исто така ви дозволува подготовка на месо
исечено на различна дебелина, овозможувајќи
ви да го подготвите секое парче по своја желба.
5
Шарка за
отпуштање на
плочите
Рамна положба