Bosch GAS Professional 15 Manual Original página 149

Ocultar thumbs Ver también para GAS Professional 15:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 27
OBJ_BUCH-3290-001.book Page 149 Thursday, July 13, 2017 9:41 AM
– Свртете го цревото за вшмукување 17 до крај во
правец спротивен на стрелките од часовникот и
извлечете го од прифатот за цревото 2.
– Ставете го цревото за вшмукување 17 во прифатот за
црево 13 и свртете го до крај во правец на стрелките на
часовникот.
Ставање/вадење на пластичната кеса или
кесата за прав (Вшмукување на суви
материјали) (види слики C1–C4)
За суво вшмукување може да употребите пластична кеса
19 или ставете кеса за прав (опрема) во вшмукувачот. Со
тоа се олеснува складирањето на правта.
Ставање на пластичната кеса
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Ставете ја пластичната кеса 19 со отворот за полнење
свртен нанапред во контејнерот 1 . Прицврстете ја
пластичната кеса под отворот за вшмукување со помош
на стегите 28.
– Проверете дали пластичната кеса 19 комплетно
налегнува на внатрешните ѕидови на контејнерот 1 .
– Вишокот од пластичната кеса 19 префрлете го преку
работ на контејнерот 1.
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 8 и
затворете ги затворачите 9.
Извадете ја пластичната кеса и затворете
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Извлечете го работ на полната пластична кеса 19
наназад од стегите 28.
– Внимателно извадете ја пластичната кеса 19, без да ја
оштетите, од вшмукувачот.
Внимавајте на тоа, пластичната кеса да не стрчи на
отворот за вшмукување или на другите остри предмети.
Менување/вметнување на вреќичката за прав
(опрема)
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Извлечете ја полната вреќичка за прав 18 од
приклучната прирабница наназад. Затворете го
отворот на вреќичката за прав со затворање на капакот.
Извадете ја затворената вреќичка за прав од
вшмукувачот.
– Наместете ја новата вреќичка за прав на приклучната
прирабница на вшмукувачот. Проверете дали
вреќичката за прав по целата должина налегнува на
внатрешниот ѕид од контејнерот 1 .
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 8 и
затворете ги затворачите 9.
Местење на гумената лента (Вшмукување на
влажни материјали) (види слика D)
– Извадете ги четките 24 со соодветен алат од подната
млазница 25.
– Поставете ја гумената лента 23 во подната млазница
25.
Bosch Power Tools
Напомена: Структурираната страна на гумената лента
мора да покажува нанадвор.
Ставање на филтерот за влага (Вшмукување на
влажни материјали) (види слики E1–E2)
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Свртете го држачот за филтерот 29 до крај во правец на
вртење „
" и извадете го заедно со филтерот 20 од
контејнерот 1.
– Навлечете го филтерот за влага 21 преку корпата за
филтер 30.
– Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 8 и
затворете ги затворачите 9.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на вшмукувачот.
 Ве молиме информирајте се за важечките
одредби/закони во вашата земја во врска со
постапувањето со честички прав што се штетни по
здравјето.
Во основа, вшмукувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот
само доколку го користите.
За да се овозможи оптимален капацитет на вшмукување,
мора целосно да го одвиткате цревото за вшмукување 17
од горниот дел на вшмукувачот 8.
Вшмукување на суви материјали
Вшмукување на наталожена прав
GAS 15:
– За да го вклучите вшмукувачот, поставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 на
„On".
– За да го исклучите вшмукувачот, поставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 на
„Off".
GAS 15 PS:
– За да го вклучите вшмукувачот, поставете го
прекинувачот за избор на начин на работа 4 на
ознаката „Вшмукување".
– За да го исклучите вшмукувачот, поставете го
прекинувачот за избор на начин на работа 4 на
ознаката „Исклучување".
Вшмукување на правта што се создава додека работат
електричните апарати (само за GAS 15 PS)
(види слика F)
 Мора да постои доволен степен на проток на воздух
(L) во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа
во просторијата. Внимавајте на односните прописи
во земјата.
Македонски | 149
1 609 92A 40A | (13.7.17)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gas professional 15 ps3 601 je5 03 601 je5 1

Tabla de contenido