OBJ_BUCH-2420-003.book Page 120 Wednesday, July 27, 2016 1:18 PM
120 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Поставете го правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 7
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење или мешање притиснете на
прекинувачот за менување на правецот на вртење 7
налево до крај.
Тек на лево: За отпуштање или мешање притиснете на
прекинувачот за менување на правецот на вртење 7
надесно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
6 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 6 притиснете го копчето за
фиксирање 5.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 5, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
6 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 6.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 6 се постигнуваат мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Работни инструкции за дупчење
Употребете емулзија за дупчење или масло за сечење за
ладење и подмачкување, за да избегнете прегревање или
заглавување на дупчалката.
При дупчење на мали дијаметри на дупки > 10 мм,
претходно направете дупка со помал дијаметар. Притоа се
намалува притисокот и електричниот алат помалку ќе се
оптовари.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS=висококапацитетни за
1 609 92A 2GV | (27.7.16)
брзо сечење со челик). Програмата на опрема на Bosch
гарантира квалитет.
Машинското менгеме од опремата овозможува безбедно
затегнување на делот што се обработува. Ова го спречува
вртењето на делот што се обработува и несреќите што
може да настанат притоа.
Работни инструкции за мешање
Не го користете електричниот апарат на пулт.
Избегнувајте да ја распрскувате смесата. Инаку
може да се лизнете и да ја изгубите контролата над
електричниот апарат.
Избегнувајте континуирана работа на електричниот
апарат со намален број на вртежи. Инаку може да се
прегрее моторот на електричниот апарат.
За да го активирате копчето за фиксирање 5, притиснете
кратко на прекинувачот за вклучување/исклучување 6 и
потоа отпуштете го. Со тоа ќе се спречи невнимателното
повторно стартување на електричниот апарат (опасност
од повреда).
Изборот на корпа за мешање зависи од смесата.
За смесите со ниска вискозност, како на пр. дисперзивни
бои, лакови, лепила, лиени маси, цементни каши,
користете корпа за мешање со лева спирала. Во корпата
за мешање со лева спирала, материјалот се меша од горе
надолу. Корпата за мешање се притиска нагоре. Смесата
со ниска вискозност се меша со малку прскање.
За смеси со висока вискозност како на пр. гипс за
завршни работи, бетон, цемент, естрих, шпахтел маса,
епоксидна смола користете корпа за мешање со десна
спирала. Во корпата за мешање со десна спирала,
материјалот се меша од долу нагоре. Корпата за мешање
се врти во смесата. Смесата со висока вискозност
оптимално се промешува.
За време на работата движете го електричниот апарат
горе-долу. По употребата, исчистете ја корпата за
мешање.
Складирајте го електричниот апарат на безбедно
место. Наместете го така да не може да паѓа. Инаку
електричниот апарат може да се оштети.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Bosch Power Tools