OBJ_BUCH-190-008.book Page 59 Wednesday, March 15, 2017 8:34 AM
Полнете само Bosch литиум-
јонски акумулатори со капацитет
од 1,0 Аh (од 4 акумулаторски
ќелии). Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за
полнење на полначот. Не полнете
повторно полнливи батерии.
Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Не ги покривајте отворите за проветрување на
полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не
функционира правилно.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Батерија*
2 Зелен приказ за полнење на батеријата
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Bosch Power Tools
Технички податоци
Полнач
Број на дел/артикл
Напон на полнење на батеријата
(автоматско препознавање на
напон)
Струја за полнење
Дозволени граници на
температура за полнење
Време на полнење при капацитет
на батеријата од околу
– 1,0 Аh
– 1,3 Аh
– 1,5 Аh
– 2,0 Аh
Број на батериски ќелии
Тежина согласно EPTA-Procedure
01:2014
Класа на заштита
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Полначите означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Процес на полнење
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите
струјниот приклучок на полначот во ѕидната дозна и
батеријата 1 одн. електричниот апарат со вметната
батерија 1 во полначот. За време на полнењето,
електричниот апарат не може да се вклучи.
Ставете ја батеријата 1 како што е прикажано на сликата
напред на полначот () и на крај притиснете ја батеријата
1 наназад надолу (). За да ја извадите батеријата,
постапете по обратен редослед.
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од
температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Напомена: Процесот на полнење е возможен, само
доколку температурата на батеријата е во дозволените
граници на температура за полнење, види го делот
„Технички податоци".
Македонски | 59
AL 2215 CV
2 607 225 4..
V
14,4 – 21,6
мА
1500
°C
0 – 45
100 %
мин
45
мин
55
мин
63
мин
85
4 – 6
кг
0,40
/ II
1 609 92A 3V5 | (15.3.17)