320 | Македонски
Одржувајте ја чистотата на
u
полначот. Доколку се извалка,
постои опасност од електричен
удар.
Пред секое користење,
u
проверете ги полначот, кабелот
и приклучокот. Не го користете
полначот, доколку забележите
оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на
поправка кај квалификуван
стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни
делови. Оштетениот полнач, кабел
и приклучок го зголемува ризикот
за електричен удар.
Не го користете полначот на
u
лесно запалива подлога (на пр.
хартија, текстил итн.) одн. во
запалива околина. Постои
опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што
произлегува при полнењето.
Не ги покривајте отворите за
u
проветрување на полначот.
Инаку полначот може да се
прегрее и да не функционира
правилно.
За зголемена електрична
u
безбедност, препорачуваме
употреба на уред за резидуална
струја со макс. јачина на струја од
30 mA. Секогаш проверете ја Фи-
заштитната склопка пред употреба.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
F 016 L81 795 | (26.10.2018)
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака
Значење
Носете заштитни ракавици
Правец на движење
Правец на реакција
Тежина
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Чујна бучава
Додатна опрема/резервни делови
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за домашна употреба, за косење треви
и корови. Развиен е за косење треба која расте на
нагиби, на ивици и агли кои не можат да се искосат со
косачка. Уредот не треба да се користи за грмушки и
потврди растенија. Уредот не е наменет за комерцијална
и индустриска употреба.
Опсег на испорака (види слика B)
Извадете го уредот од пакувањето и проверете дали се
вклучени следните компоненти:
– Тример за трева
– Заштитна хауба
– Батерија**
– Полнач**
– Упатство за употреба
Ако нешто недостига или е оштетено, обратете се кај
својот продавач.
** во зависност од државата
вградени компоненти (види слика
A)
Нумерирањето на напишаните компоненти се однесува
на приказот на уредот на страните со цртежи.
(1)
прилагодлива рачка
Bosch Power Tools