OBJ_BUCH-1938-003.book Page 190 Friday, December 16, 2016 9:57 AM
190 | Македонски
удар, делот што се обработува смее да се движи
дури откако листот за пилата ќе се смири. Отстранете
ја причината за заглавување на листот од пилата, пред
повторно да го стартувате уредот.
Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за
пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се обработува.
Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
апарат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
Користете го електричниот апарат само за сечење
во суви материјали. Навлегувањето на вода во
електричниот апарат го зголемува ризикот од
електричен удар.
Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што
се вметнуваат. Струјниот кабел може да се пресече
или да се зафати.
Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
електричниот апарат.
Електричниот апарат се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 18).
Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или
животни и не погледнувајте во него. Овој мерен уред
создава ласерски зраци од класата 1М според
IEC 60825-1. Директното гледање во ласерскиот зрак
– особено со оптички инструменти за зголемување
како двоглед итн. – окото може да се оштети.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не употребувајте оптички инструменти за собирање
како двоглед итн. за наблудување на изворот на
зрачење. Со тоа можете да ги оштетите вашите очи.
Не го насочувајте го ласерскиот зрак кон лица, кои
гледаат преку двоглед или слично. Со тоа можете да
ги оштетите нивните очи.
Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Можностите за поставка опишани во ова упатство за
употреба може да се користат без опасност.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
1 609 92A 340 | (16.12.16)
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
Ласерско зрачење
Не ги изложувајте корисниците на
оптички телескоп
Класа 1M ласерски производ
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку дојдете
во контакт со листовите за пила
постои опасност од повреда.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
Носете заштитни очила.
Носете маска за заштита од прав.
Внимавајте на димензиите на листот за
пилата. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното на
вретеното на алатот. Не користете
адаптери или редуктори.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат, како фиксиран уред, е наменет за
изведување на агли со косо сечење 45° со помош на
должински и напречни резови со прав тек на резот во
метални материјали без користење на вода.
Bosch Power Tools