Ознаки За Безбедност - Stiga HPS 235 R Manual De Uso

Ocultar thumbs Ver también para HPS 235 R:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 82
156
Македонски
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
1
1.1 Уредот што го купивте е технолошки напреден производ конструиран од еден
од водечките европски производители на уреди за миење со висок притисок.
За да добиете најдобри резултати од вашиот уред, внимателно прочитајте ја оваа
брошура и следете ги упатствата секогаш кога ќе го користите. Додека уредот е
приклучен и додека го користите и сервисирате, преземете ги сите безбедносни
мерки за да се заштитите себеси и луѓето во ваша близина. Внимателно прочитајте
ги безбедносните прописи и редовно придржувајте се до нив; доколку не го
правите тоа, здравјето и безбедноста може да ви бидат во опасност или може да
предизвикате скапо оштетување.
ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2
2.1 Придржувајте се до упатствата дадени со ознаките и симболите за безбедност
ставени на уредот и во прирачникот.
На уредот и во прирачникот може да ги најдете само симболите што се однесуваат
на купениот модел. Проверете дали стојат симболите и ознаките залепени на
уредот и дали се читливи; во спротивен случај ставете нови на оригиналните места.
Предупредување - внимание - опасност
Внимателно прочитајте ги упатствата пред употреба.
Симбол E2 (ако се појавува во прирачникот) – Означува дека уредот е наменет
за професионална употреба, т.е. за искусни корисници запознаени со соодветните
технички, регулаторни и законски фактори и се способни да ги извршуваат
операциите вклучени во процесот на користење и одржување на уредот. Уредот
не смее да го употребуваат деца, лица со попречени физички, сетилни или
ментални способности или лица без потребното искуство и знаење.
Симбол E3 (ако се појавува во прирачникот) – Означува дека уредот е наменет
за непрофесионална (домашна) употреба. Уредот може да го употребуваат лица со
попречени физички, сетилни или ментални способности или лица што го немаат
потребното искуство и знаење доколку се под надзор или доколку добиле
упатства за безбедната употреба на уредот и ги разбираат можните ризици.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Hps 345 r

Tabla de contenido