REACT / RELAX / ACTIVE
Упатство за користење
MK
грижам за заштитниците за уши
Сите заштитници за уши кои се опфатени со
инструкциите од ова упатство, се опремени со
термопластичен носач за глава или носач со
пружина, или држач за врат од не'рѓосувачки челик и
перничиња исполнети со пластична пена.
Употреба
За да постигнете најголем комфор и заштита со
вашите штитници, потребно е да ги употребувате,
да се грижите за нив и да ги прилагодувате во
согласност со инструкциите наведени подолу.
• Поставувањето на хигиенските навлаки на
перничињата може да влијае на
акустичниот ефект на заштитниците за уши.
• На овој производ негативно може да
влијаат некои хемиски супстанци. За
дополнителни информации обратете се до
производителот.
Вредност на намалување и технички податоци
(сл. A)
A:1) Носач за глава
A:2) Монтирање капа/шлем
A:3) Тестирано и одобрено според (стандарди)
A:4) Тежина
A:5) Средно пригушување
A:6) Стандардна девијација
A:7) Претпоставена вредност на заштита
A:8) Тестирано и одобрено од (надлежниот орган)
Поставување и прилагодување
На намалувањето на буката негативно ќе влијае сè што
ќе што ќе го попречи прилепувањето на перничињата на
заштитниците во однос на главата, како што се дебели
рамки за наочари, капи и сл. Отстранете ја косата под
перничињата и удобно наместете ги заштитниците на
вашите уши. Погрижете се вашите уши целосно да бидат
затворени со заштитниците и притисокот околу нив да
биде рамномерен.
Носач за глава (сл. B)
Прилагодете го заштитникот на најдолгата позиција
и ставете го на главата. Сега прилагодете го
носачот така што заштитникот лесно да се потпира
на вашата глава.
Монтирање капа/шлем (сл. C)
Притиснете го приклучокот за шлем во отворот за
прикачување на шлемот за да го прицврстите. Поставете
ги штитниците за уши врз ушите и притискајте навнатре
додека не слушнете звук во вид на „кликнување".
Приспособете ги штитниците за уши за удобно
сместување на шлемот на вашата глава.
REACT / RELAX / ACTIVE
Одржување
За чистење употребете благ детергент (сапун).
Треба да бидете сигурни дека детергентот нема да
ја надразнува вашата кожа. Заштитниците за уши
треба да се чуваат на суво и чисто место, како на
пр. во оргиналната амбалажа.
Замена на приборот за хигиена
1. Отстранете го стариот придушувач на звук
и ставете го новиот.
2. Отстранете го старото ушно перниче.
3. Поставете го новото ушно перниче над
просторот.
4. Притиснете со прстот по надворешниот
дел од ушното перниче додека не се
прицврсти целосно околу рабовите.
5. (само за моделите со лента за глава)
Отстранете го старото перниче за главата
и ставете го новото.
Важно!
Штитниците за уши, особено перничињата,
можат да се оштетат со текот на користењето и
треба да се проверуваат редовно за пукнатини
и пропуштање. Приборот за хигиена треба да се
променува најмалку двапати годишно. Изберете
го вистинскиот комплет за хигиена за вашиот
заштитник за слух. #99403
Одобрени комбинации на шлем
Овие заштитници за уши треба да бидат поставени
на индустриските безбедносни шлемови, кои
се наведени во табелата D, и да се користат
единствено со нив.
D:1) Производител
D:2) Модел на шлем
D:3) Адаптер
Предупредување
Доколку не се придржувате кон упатствата,
ублажувањето на буката може значително да се
намали. Заштитниците за уши треба постојано да
се носат во бучните средини!