Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FPM Manual Original página 34

Ocultar thumbs Ver también para M18 FPM:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 13
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
БЕЗЖИЧНА РАЧНА МЕШАЛКА
Производен број......................................................................................
Брзина без оптоварување ......................................................................
Држач на алатката ..................................................................................
Максимален дијаметар на алатката за мешање ..................................
Максимална препорачана количина за мешање .................................
Волтажа на батеријата ..........................................................................
Тежина со батерија .................................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003
со батерија 1,5 Ah / 2,0 Ah...................................................................
со батерија 3,0 Ah / 4,0 Ah...................................................................
со батерија 9,0 Ah ................................................................................
Дозволена температура на околината
при полнење ........................................................................................
при работа и чување ...........................................................................
Препорачани комплети акумулаторски батерии ..................................
Препорачани полначи ............................................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 62841.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) ..............................
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) ..................................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки)
пресметани согласно EN 62841.
Вибрациска емисиона вредност a
....................................................
h
Несигурност К ....................................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 62841 и може да биде употребено за меѓусебна
споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки
додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на
целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен или работи, но фактички не се
употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон
електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства,
инструкции, илустрации и спецификации за овој електричен алат.
Недоследно почитување на подолу наведените упатства можe да предизвика
електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
НАПОМЕНИ ЗА РАЧНА МЕШАЛКА
Држете го уредот со двете раце за рачките предвидени за оваа намена.
Губење на контрола на алатката може да предизвика лична повреда.
Кога мешате запаливи материјали, обезбедете соодветна вентилација за да
се избегне експлозивна атмосфера. Пареата што произлегуваат може да се
вдишат или да се запалат од искрите што ги произведува електричната алатка.
Да не се користи за мешање на храна. Овие алатки и нивната опрема не се
наменети за преработка на храна.
Обезбедите го садот за мешање во стабилна положба. Садот што не е
правилно обезбеден може да се придвижи неочекувано.
Уверете се дека не се распрскува течност врз куќиштето на електричниот
уред. Течноста што навлезе во електричниот уред може да предизвика
оштетување и да доведе до електричен удар.
Следете ги упатствата и предупредувањата што се однесуваат на
материјалот за мешање. Материјалот за мешање може да биде штетен.
Не допирајте го садот за мешање со рацете или не вметнувајте ги други
предмети во него додека мешате. Контактот со алатката за мешање може да
предизвика сериозни повреди.
Стартувајте и запрете ја алатката само во садот за мешање. Алатката за
мешање може да се наведнува или искривува на неконтролиран начин.
66
МАКЕДОНСКИ
M18 FPM
...........................4589 32 01...
...000001-999999
........................... 0-550 min
-1
............................. M14
.............................. 120 mm
................................ 20 l
................................ 18 V
............................... 2,3 kg
............................... 2,6 kg
............................... 3,0 kg
............................... 3,4 kg
....................... 0 ... +50 °C
.................... -18 ... +50 °C
.................................M18B
...........M12-18C, M12-18FC, M12-18AC
............................. 70,7 dB (A)
............................. 81,7 dB (A)
............................... 1,2 m/s
2
............................... 1,5 m/s
2
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете
заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита од
прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита
за уши.
Пршината која се создава при користење на овој алат може да биде штетна по
здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат
здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се исклучи
апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека употребуваното орудие е
блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар со висок момент на
реакција. Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на употребеното
орудие имајќи ги во предвид напомените за безбедност.
Не фаќајте во машината кога работи.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги.
Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии, со што ја штитат
нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18 систем. Не
користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво место.
Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или
температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун
и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Рачна мешалка се користи за мешање на градежни материјали во форма на
прав, како што се малтер, гипс, адхезиви, бои и лакови без растворувачи и
слични супстанции.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за
нормална употреба.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава
краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата
батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи
течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции,
можат да предизвикаат краток спој.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички податоци"
опишаниот производ е во склад со сите релевантни прописи од регулативата
2011/65/EU (RoHs), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните хармонизирачки
нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-1:2010
EN 62841-2-10:2016
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Winnenden, 2017-08-31
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на батериите.
Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да бидат целосно
наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да
бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот да се
чува на температура од приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока потрошувачка на струја, на
пример екстремно високи вртежни моменти, заглавување на дупчалката,
ненадејно запирање или краток спој, електро-уредот бучи 2 секунди, а потоа
самостојно се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и вклучете повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може да загрее многу. Во таков
случај батеријата исклучува.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно да ја напоните и
активирате.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на
истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни
материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат
исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да
се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на
адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со наведување
на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Електричните апарати и батериите што се полнат не смеат да
се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се собираат
одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно
фрлање во склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони
за рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
67

Publicidad

loading