ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ГЛОДАЛКА ЗА РАБОВИ
Производен број................................................................................
........................................................................................................
Брзина без оптоварување ................................................................
Ударна површина ..............................................................................
Дијаметар на прстенот .....................................................................
Волтажа на батеријата ....................................................................
Дијаметар на рутерот насочувачот ..................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 ..................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60
745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) ........................
Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) ............................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки)
пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
..............................................
h
(Несигурност K=3dB(A))....................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде
употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со
отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето
на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен или
работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот
и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните напомени и
упатства. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и
инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА ГЛОДАЛКА ЗА РАБОВИ
Употребувајте спајалка за навртување или други практични
помошни средства, за да го зацврстите делот што се обработува
на стабилна подлога. Со држење на делот што се обработува со
рака или негово притискање со телото, делот може да се лизне, а тоа
може да доведе до губење на контролата.
Држете го електричниот алат за издадените површини при
изведување на операции при кои алатот за сечење можат да
дојдат во контакт со скриени жици.
Контакт со жица под напон исто така ќе направи проводници од
металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. Секогаш носете ракавици кога ја
користите машината. Исто така препорачливо е да се носат очила,
цврсти чевли кои не се лизгаат и престилка.
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината. Исто така
препорачливо е да се носат очила, цврсти чевли кои не се лизгаат и
престилка.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при
вклучена машина.
Секогаш користете заститен штит на машината.
Користете само алати чија даозволена брзина е најмалку колку
највисоката брзина на машината без оптоварување.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Користете само професионално назабени. Рутер ножеви.
Употребувајте само глодалки со соодветен дијаметар на дршката.
Парчињата кои ќе се оаботуваат пред сечењето треба да бидат
прикачени.
По користење,вратете го рутерот во првобитната позиција. (спуштена
рачка за да ја обезбеди површината).
68
МАКЕДОНСКИ
BOF18BL
........................................................4588 36 01...
........................................................4588 45 01...
...000001-999999
...........................................17000 - 25000 min
-1
..............................................................35 mm
............................... 6 mm, 6.35 mm (1/4")
..............................................................18 V
..............................................................36 mm
.............................................................1,6 kg
...........................................................77,5 dB (A)
...........................................................88,5 dB (A)
.............................................................3,8 m/s
2
.............................................................1,5 m/s
2
Движете го обработуваното парче само во насока кон сечилото
(работете спротивно свртени)! Од безбедносни причини, користете ги
заштитните елементи: безбедносна направа, лизгачка водилка,
заштитна ограда итн.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна
по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за
апсорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска.
Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го
загрозат здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се
исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека
употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до
повратен удар со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете ја
причината за блокирањето на употребеното орудие имајќи ги во
предвид напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане многу
жешко.
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете
електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за напон.
Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат да
предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на АЕГ ги собираат старите батерии, со што
ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на
суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен
напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте
се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги
убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Глодалката за рабови е наменета за прецизни работи в обработка на
дрвото. Производот е идеален за глодање на дрвени рабови и за
обработка на слоевити материјали.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни прописи
од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2014/30/EU, 2006/42/EC и
следните хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-17:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Winnenden, 2017-04-28
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат
пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво
место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока потрошувачка на
струја, на пример екстремно високи вртежни моменти, заглавување на
дупчалката, ненадејно запирање или краток спој, електро-уредот бучи
2 секунди, а потоа самостојно се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и вклучете
повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може да загрее
многу. Во таков случај батеријата исклучува.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно да ја
напоните и активирате.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да
ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа
со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата
на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката
со учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Постојано да се носат заштитни очила!
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
69