OBJ_BUCH-2753-003.book Page 59 Friday, June 17, 2016 4:53 PM
Ако мерниот уред е монтиран на ротирачката платформа
12, тогаш можете точно да ги израмните вертикалните
ласерски линии на референтните точки со завртка за
фино подесување 11.
Импулсна функција
За работење со ласерски приемник 25 мора –, независно
од избраниот начин на работа –, да биде активирана
импулсната функција.
При активирана импулсна функција, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник 25.
За вклучување на импулсната функција притиснете на
копчето 17. При вклучена импулсна функција приказот 15
свети црвено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучена импулсната функција. За
работење без ласерски приемник, исклучете ја
импулсната функција со одново притискање на копчето
17. Кога е исклучена импулсната функција, се гаси
приказот 15.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста под-
лога или прицврстете го на ротирачката платформа 12.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
„
On".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање ±3°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 3°
на хоризонталата, ласерските линии трепкаат во брз такт.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом мерниот уред ќе се најде во
полето на самонивелирање од ±3°, ласерските линии
светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерската линија во однос на
референтните точки, за да се избегнат грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во
позиција „
On". При исклучена автоматика за
нивелирање, приказот 14 свети црвено и ласерските
линии непрекинато трепкаат во бавен такт.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите на
навалена подлога. Ласерските линии не мора да се
вертикално една кон друга.
Bosch Power Tools
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина
на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот уред
на статив 21 и поставете го во средината на работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како напр.
падови или јаки потреси). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините, како и на
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа
точноста на нивелирањето на вертикалните ласерски
линии.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 м на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
ротирачка платформа, одн. на еден статив или
поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го
мерниот уред во режим со автоматика за нивелирање.
Вклучете ги хоризонталниот режим и еден од
вертикалните начини на работа.
A
5 m
– Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете го
мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината
на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на
ѕидот (точка I).
A
180°
Македонски | 59
B
B
1 609 92A 302 | (17.6.16)