Bosch GBM 50-2 Professional Manual Original página 240

Ocultar thumbs Ver también para GBM 50-2 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 40
240 | Македонски
Ако електричниот алат се заглави, не вршете
u
дополнителен притисок и исклучете го алатот.
Проверете ја причината за заглавувањето и отстранете
ја причината за заглавениот алат за вметнување. Не ја
користете функцијата Лев тек.
Пред почетокот на работењето секогаш проверете
u
ги сите делови на системот за ладење. Никогаш не
користете оштетени делови.
Држете го средството за ладење што подалеку од
u
деловите на алатот и лицата, кои се наоѓаат во
работното поле.
Површината на делот што се обработува мора да е мазна
и чиста. Измазнете ги грубите неправилности, на пр.
прсканиците од заварување и отстранете ги 'рѓата,
нечистотијата и маснотијата. Силата на држење на
магнетите важи само за соодветни површини.
Моторот на електричниот алат може да се стартува само
ако магнетот е вклучен. Пред дупчењето треба да се
провери статусот на магнетната јачина (21).
Приказ за
Магнетна јачина
магнетна
јачина
Трајно зелено
Доволна магнетна јачина
светло
Трепкаво
Недоволна магнетна јачина,
црвено светло
електричниот алат не смее да се
користи.
Причини: премала јачина на
материјалот, нерамна површина,
слоеви на лак, бигор или цинк,
несоодветен материјал (на пр. тврд
челик)
– Употребете емулзија за дупчење или масло за сечење
за ладење и подмачкување, за да избегнете
прегревање или заглавување на дупчалката.
– За да го издупчите, набодете го делот за обработка од
метал.
– Спирална бургија: При дупчење на мали дијаметри на
дупки > 10 mm претходно направете дупка со помал
дијаметар. Притоа се намалува притисокот и
електричниот алат помалку ќе се оптовари.
– При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени крунести бургии (брендирана опрема).
– Свртете ја рачната курбла (4) за определување на
силата на притисок на бургијата.
– Изберете соодветна брзина според спецификациите
на алатот
Напомена: При сечење навои мора да се користи
најниската брзина.
Работење со крунеста бургија
– Користете само беспрекорни крунести бургии и
проверете ги пред секоја употреба. Не користете
оштетени крунести бургии.
– Веднаш исклучете го електричниот алат ако се заглави
крунестата бургија.
1 609 92A 4S6 | (10.05.2019)
– Заштитете ја крунестата бургија. Врвот на крунестата
бургија е тврд, но кршлив.
Следните мерки помагаат да се намали или да се забави
изабувањето и кршењето на крунестите бургии:
– При дупчење во челик проверете дали има доволно
средство за ладење; користете средство за ладење за
сечење на метал.
– Проверете дали алатот за обработка е рамен и чист за
да се обезбеди потребната магнетна јачина.
– Пред дупчењето проверете дали сите делови се
прописно прицврстени.
– При стартот и на крај на процесот на дупчење треба да
се намали притисокот на притискање за 1/3.
– Ако отпаднат големи количини на метални струготини
при дупчење во материјали како лиено железо, лиен
бакар итн., може да се користи компримиран воздух
наместо средство за ладење, за отстранување на
металните струготини.
Неутрална позиција на прекинувачот за правец на
вртење
Електричниот алат застанува ако се притисне
прекинувачот за правец на вртење (8) за време на
дупчењето.
Ако прекинувачот за правец на вртење стои во средна
позиција, алатот за вметнување може да се сврти во
правец на стрелките на часовникот, со постојано
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување на моторот (9).
Со тоа може лесно да се заврши процесот на сечење
навои.
Дупчење
– Насочете го електричниот алат со помош на
ласерскиот крст на делот што се обработува.
– Вклучете го магнетот, за да се фиксира електричниот
алат на делот што се обработува.
– При дупчење во вертикални или закосени површини
или на плафон осигурете го електричниот алат со
безбедносната лента.
– Поставете го соодветниот број на вртежи.
– Вклучете го електричниот алат.
– За дупчење, свртете ја рачната курбла (4) со
рамномерен притисок додека не се постигне саканата
длабочина на дупчење.
– Доколку се постигне саканата длабочина на дупчење,
вратете ја рачната курбла додека погонската единица
не е повторно во стартна позиција.
– Исклучете го електричниот алат, ев. олабавете ја
безбедносната лента и исклучете ги ласерот и
магнетот.
Транспорт
– Проверете дали сите алати за вметнување се цврсто
вклопени со електричниот алат и дали јадрото од
дупчењето веќе не се наоѓа на алатот за вметнување.
– Намотајте го целосно кабелот за напојување и врзете
го.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 ab4 0

Tabla de contenido