Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од
u
производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии,
се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно
изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Не ја ставајте батеријата во батерискиот адаптер, доколку копчињата за
u
отклучување се скршени или дефектни. Батеријата би можела да испадне за
време на употребата.
Потрошените батерии треба да бидат испорачани за еколошко рециклирање.
u
За тоа, погледнете ги упатствата во поглавјата „Транспорт" и „Отстранување на
отпад".
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Наменета употреба
Батерискиот адаптер служи за прифат на Bosch 10,8 или 12-V литиум-јонски
батерии како извор на напон. Со батерискиот адаптер може истовремено да се
снабди со напон максимално еден USB-уред и еден греен елемент за работна
облека што може да се загрева/затопли.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на
графичките страници.
(1) Батериски адаптер
(2) USB-конектор
(3) Конектор за приклучокот на грејниот елемент на работна облека што
може да се загрева/затопли
A)
(4) Батерија
(5) Копче за отворање на батеријата
(6) Држач за појас
(7) Копче за активирање на USB-приклучокот
Bosch Power Tools
Македонски | 139
1 609 92A 53X | (25.04.2019)