SKIL MASTERS F0151765 Serie Manual Original página 102

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 32
- треба малку време додека механизмот со чеканот
не достигне целосна моќност за удирање
- најдобри резултати за чекан дупчење дупчење се
постигнуваат само со лесен притисок на алатот,
при што се активира автоматскиот механизам;
резултатот на дупчењето не се подобрува со
посилно притискање на апаратот
• Нормално дупчење/навртување 0
При дупчење во дрво, метал и пластика, како и
навртување, користете адаптер J 2
- исчистте го и намачкајте го адаптерот со масло
пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање G 2 наназад и
вметнете го адаптерот во SDS+ главата, вртете ја
и притискајте го адаптерот додека не го стегнете;
адаптерот сам се затегнува автоматски
- повлечете го адаптерот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- подесете го прекинувачот E 2 за нормално дупчење
(подесувањето се врши само кога алатот е
исклучен и приклучокот е изваден од струја)
• Длабење со ротирачко длето !
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- изберете "ротирачки" режим на длетото
• Длабење со фиксирано длето @
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- изберете "ротирачки" режим на длетото
- поставете го длетото во саканата положба
- изберете "фиксиран" режим на длетото
• Промена на бургиите #
! исчистете го и намачкајте го SDS+ приборот со
масло пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање G 2 наназад и
вметнете го приборот во SDS+ главата, вртете ја и
туркајте го приборот додека не го затегнете;
приборот сам се затегнува автоматски
- повлечете го приборот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- извадете го приборот, така што ќе а повлечете
наназад главата за стегање G
! SDS+ приборот бара неограничена слобода на
движењето, која предизвикува ексцентрична
работа со алатот во празен од; за време на
работата, таа сама се центрира; ова нема
влијание врз прецизноста на дупчењето на
отворот
! не употребувајте оштетени бургии/длета
! употребувајте само остри бургии/длета
• Безбедносен механизам
За време на блокадата на приборот, се прекинува и
работата на вретенното (соѓа до создавање на бука)
- веднаш исклучете го алатот
- отстранете го блокираниот прибор
- одново вклучете го алатот
• Приспособување на длабочината на дупчењето $
• Држење и насочување на алатот %
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- алатот секогаш држете го за страничната
дршка H 2 (може да се приспособува, како на
цртежот)
- отворите за ладење држете ги отворени
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• При дупчење во метал
- најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да
издупчите поголема дупка
- бургијата подмачкувајте ја со масло од време на
време
• При навртување на штрафовите на краевите на
дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да
се избегне разлистување на дрвото
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење)
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skilmasters.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот ^ ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот
опишан кај "Технички податоци" е усогласен со
следните стандарди или документи за
стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во
согласност со одредбите во директивите 2004/108/
EG, 2006/42/EG, 2011/65/EУ
102

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

1765

Tabla de contenido