OBJ_BUCH-1267-004.book Page 216 Tuesday, April 19, 2016 11:55 AM
216 | Македонски
Заради заштита од нечистотии повторно приклучете го
заштитното капаче на 12-V-приклучен конектор 41,
доколку сте го извадиле надворешниот приклучок.
Приклучок за наизменична струја („Power Outlets")
(не кај број на артикл 3 601 D29 660)
Со помош на приклучокот за наизменична струја можете
да користите и други надворешни електрични уреди.
Приклучниците може да бидат различни, во зависност од
важечките прописи во земјата на користење.
Збирот на максимално дозволената потрошувачка на
струја на сите приклучени електрични уреди не смее да ја
пречекори вредноста наведена во следната табела
(погледнете го и натписот на куќиштето под поклопецот 5):
Број на дел/артикл
Збир на максимална
потрошувачка на струја (во A)
3 601 D29 600
15
3 601 D29 630
9
3 601 D29 670
12
3 601 D29 6W0
15
3 601 D29 6X0
9
Отворете го поклопецот 5 на приклучокот за наизменична
струја и ставете го приклучокот на надворешниот
електричен уред во приклучницата 6 на радио-полначот.
Приказ на време
Радио-полначот располага со приказ на времето со
одделно напојување со енергија. Доколку во преградата
се ставени резервни батерии со доволен капацитет (види
„Ставање/менување на батериите за резервно
напојување", страна 212), времето може да се зачува,
дури и доколку радио-полначот е исклучен од
напојувањето со енергија преку мрежен приклучок или
акумулатор.
Подесување на времето на часовникот
– За да го подесите времето на часовникот притискајте на
копчето за подесување на времето „Clock" 29, додека
бројот на часови не започне да трепка на приказот за
време o.
– Притискајте на копчето за пребарување нанапред
„Seek +" 33 одн. копчето за пребарување наназад
„– Seek" 35, додека не се прикаже точниот број на
часови.
– Одново притиснете на копчето „Clock", така што бројот
на минути ќе почне да трепка на приказот o.
– Притискајте на копчето за пребарување нанапред
„Seek +" 33 одн. копчето за пребарување наназад
„– Seek" 35, додека не се прикаже точниот број на
минути.
– Притиснете на копчето „Clock" по трет пат, за да го
зачувате времето на часовникот.
1 609 92A 2NF | (19.4.16)
Режим за заштеда на енергија
За да заштедите енергија, може да го исклучите приказот
за време на екранот 39.
При исклучување на аудио режимот (види
„Вклучување/исклучување на аудио режим", страна 212)
притискајте го копчето за вклучување-исклучување 38,
додека на екранот не престанат да се појавуваат прикази.
За да го вклучите повторно приказот на времето, притис-
нете еднаш на копчето за вклучување-исклучување 38.
Совети при работењето
Контрола на температурата при работа со акумулатор
Доколку радио-полначот се користи исклучиво со
акумулатор (без струен приклучок), тогаш се контролира
температурата на акумулаторот.
– Доколку температурата на акумулаторот е под –10 °C
или над 50 °C, на екранот трепка предупредувањето за
температура k.
– Доколку температурата на акумулаторот е над 70 °C,
радио-полначот автоматски се исклучува заради
заштита на акумулаторот. Откако ќе се олади
акумулаторот, радио-полначот може повторно да се
користи.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Новата батерија или батеријата што не е употребувана
подолго време, полната јачина ја достигнува по околу 5
циклуси на полнење и празнење.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Дефект – Причини и помош
Причина
Помош
Радио-полначот не функционира
Нема напојување со
Ставете го мрежниот
енергија
приклучок или наполнетата
батерија (целосно)
Радио-полначот е премногу
Почекајте, додека радио-
топол или премногу ладен
полначот не ја постигне
оперативната температура
Радио-полначот не функционира при струен режим
Утикачот е неисправен
Користете друг утикач
Мрежниот приклучок или
Проверете ги мрежниот
кабел се дефектни
приклучок и кабел и докол-
ку е потребно заменете ги
Bosch Power Tools