Редовно Одржување - ST SV 213 E Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para SV 213 E:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 48
За да го извадите роторот за работа:
– исклучете ја машината од довод на ел. енергија,
– ставете ракавици за работа и превртете ја машината,
– одвртете ги двете навртки (3) поставени од десната стра-
на на машината,
– подигнете го роторот за работа од деснта страна и изва-
дете го левата страна,
– отстранете ја пластичната потпора (4),
За да го поставите роторот за работа:
– ставете ја пластичната потпора (4) на лежиштето (5) кај
краевите на роторот за работа,
– вметнете го прво левиот крај (6) на роторот за работа во
издадената оска (7), внимавајќи на порамнувањето со зап-
ците (7а) на оската,
– вметнете го десниот крај со портората (4) на свое место со
рамната страна (4б) свртена кон надвор,
– поставете и зашрафете ги докрај двете навртки (3).
3.2 Регулација на длабочината на продирање
Изберете ја длабочината на продирање за да одговара на
потребната работа и на типот на поставениот ротор на рото-
рот за работа, следејќи ги овие основни насоки:
«1» = Пренос (за преместување на машината со подигнат
ротор на роторот за работа којшто не го допира
теренот).
«2» = Со ротор на роторот за работа со пружина и вреќа за
собирање, за површинско расчистување на листови
и трева и за раздувувње на теренот при што положе-
ните материи се собираат,
«2» = Со ротор на роторот за работа со цврсти сечина и
вреќа за собирање, за површинско протресување на
теренот при што положените материи се собираат,
«3» «4» = Со ротор на роторот за работа со цврсти се-
чина и без вреќа за собирање, за длабинско
протресување на теренот при што положените
материи се оставаат на теренот. При оптимал-
ни услови, може да ја монтирате и вреќата и да
ги соберете положените материи бидејќи тоа не
предизвикува затнување на роторот на роторот
за работа.
3.3 Прикачување на вреќата
Подигнете го штитникот (1) и приврзете ја вреќата правилно
(2) како што е посочено на сликата.
3.4 Палење
Закачете го продолжниот кабел правилно како што е посо-
чено.
За вклучување на моторот, притиснете го безбедносното
копче (2) и повлечете ја рачката (1) на прекинувачот.
3.5 Раздувување и протресување на теренот
Во текот на работата, ел. кабел треба секогаш да биде зака-
чен и на веќе третираниот терен.
Најдобрите резултати се постигнуваат со две поминувања
со временско растојание од една седмица, со вкрстување
на правците.
Совети за третман на тревникот
• Со текот на времето, на теренот се формира површин-
ски слој со коров и остатоци од тревата коишто го нама-
луваат пристапот на кислородот и спречуваат продирање
на водата и хранливите состојки, но и предизвикуваат
влошување на изгледот и пожолтување на тревникот.
• Идеалниот период за раздувување и протресување на
тревникот е на есен или на пролет.
• Оптимални услови за работа се кога тревата е ниска и де-
лумно влажна, работата на многу сув или многу мокар те-
рен го отежнува собирањето на материите и може да го
оштети тревникот.
• Секогаш е потребно да се отстранат листовите од тревни-
кот пред да го раздувате и протресете теренот.
• Со површинска обработка за доставување кислород (со
намалено продирање на запците во теренот) се отстрану-
ва површинскиот закоравен слој.
• Со зголемување на степенот на продирање во теренот
(протресување) се зголемува дејството на отстранување
на слојот подлабоко на теренот и истовремено се по-
стигнува раздвојување на корените на тревата, а со нив-
но бројно зголемување, се постигнува изглед на побогат
тревник со погуста трева.
3.6 Вадење на вреќата
За вадење и празнење на вреќата:
– пуштете ја рачката на прекинувачот (1) и почекајте да се
смири роторот за работа,
– подигнете го штитникот (2), фатете ја дршката и извадете
ја вреќата одржувајќи ја во исправена позиција.
3.7 Завршување со работа
На крајот на работата, отпуштете ја рачката (1).
Исклучете го продолжниот кабел ПРВО од главниот штекер
(2), а ПОТОА од прекинувачот на машината (3).
ПОЧЕКАЈТЕ РОТОРОТ ЗА РАБОТА ДА ЗАСТАНЕ пред да из-
вршите каква било интервенција на машината.
ВАЖНО Во случај кога во текот на работата моторот ќе пре-
стане да работи заради прегревање, неопходно е да почекате
приближно 5 мин. пред повторно да го вклучите.
4. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО неопходно е редовно и правилно одржување за
долготрајно одржување на безбедносното ниво и првобитна-
та исполнителност на машината.
Чувајте ја тревокосачката на суво место.
1) Носете цврсти заштитни ракавици при секоја интервенција
за чистење, одржување и регулација на машината.
2) Исчистете ја машината по секоја завршена работа: от-
странете ги остатоците и калта што се наталожиле на ро-
торот за работа и запците за да избегнете тие да се ису-
шат со што ќе биде тешко подоцна да се отстранат.
3) Избегнувајте да користите бензин или растворувачи на
пластичните делови на машината за да не ги оштетите.
Гаранцијата не ги покрива оштетувањата на пластични-
те делови предизвикани ос употреба на бензин или рас-
творувачи.
4.1 Одржување на роторите
Роторите за работа со запци се состојат од разни елемен-
ти составени во фабрика и не се заменуваат едно по едно.
Доколку едно од сечивата или пружините се оштетат, треба
да се смени целиот ротор за работа или да се обратите кај
застапникот за поправка.
Замената треба да се спроведе како што е посочено во
4

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido