Bosch LR 7 Professional Manual Original página 183

Ocultar thumbs Ver también para LR 7 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 31
Поставување на мерниот уред (види слика A)
Поставете го мерниот уред на оддалеченост најмалку 5 m од линискиот ласер.
Активирајте го режимот за прием на линискиот ласер и изберете режим на работа,
кај кој се произведува или хоризонтално или вертикално ласерско ниво.
Напомена: Не избирајте истовремено вид на режим со хоризонтално и вертикално
ласерско ниво (режим на вкрстени линии), затоа што може да настанат грешни
прикази на висината на ласерските зраци.
Поставете го мерниот уред на тој начин што ласерскиот зрак ќе достигне до
приемното поле (5). Израмнете го на тој начин, така што ласерските зраци паѓаат
напречно на приемното поле (како што е прикажано на сликата).
Вклучување/исклучување
При вклучување на мерниот уред се слуша гласен сигнален тон. Затоа
u
држете го мерниот уред подалеку од ушите одн. други лица при
вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети слухот.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (3). Сите прикази на екранот, како и сите LED-светилки кратко
светнуваат и се слуша сигнален тон.
По вклучување на мерниот уред, секогаш се поставени средна гласност и точноста
„фино".
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го копчето за вклучување/
исклучување (3). Сите LED-светилки и сите прикази на екранот светнуваат кратко
пред исклучувањето и се слуша сигнален тон.
Доколку околу 20 min не се притисне ниедно копче на мерниот уред и до полето за
прием не достигне ласерски зрак (5) 20 min, тогаш мерниот уред автоматски се
исклучува заради заштита на батериите. Исклучувањето се прикажува преку кратко
светнување на сите LED-светилки и сите прикази на екранот и се слуша сигнален
тон.
Избирање на поставката за приказ на средината
Со копчето Подесување на точноста при мерење (2) можете да утврдите со која
точност ќе се прикаже позицијата на ласерски зрак на приемното поле „средно":
– Точност при мерење „фино" (приказ (f) на екранот),
– Точност при мерење „грубо" (приказ (e) на екранот).
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле (5):
– со помош на приказите за правец за „движење надолу" (b), „движење нагоре" (d)
одн. средината (c) на екранот (6) на предната страна на мерниот уред,
Bosch Power Tools
Македонски | 183
1 609 92A 4CS | (25.05.2018)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido