OBJ_BUCH-2368-004.book Page 135 Tuesday, September 13, 2016 11:36 AM
Монтажа
Ставање/менување на батерии (види слика A)
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-
мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии 5 притиснете на
блокадата 6 и отворете го поклопецот на преградата за батерии. Ставете
ги батериите. Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот
на внатрешната страна на поклопецот од преградата за батерии.
Приказ на батеријата
Приказот на батеријата b секогаш го покажува актуелниот статус на
батеријата
Батеријата е наполнета над 90 %.
Батеријата е наполнета меѓу 60 % и 90 %.
Батеријата е наполнета меѓу 30 % и 60 %.
Батеријата е наполнета меѓу 10 % и 30 %.
Трепка приказот за празна батерија. Состојбата на наполнетост
на батеријата е под 10 %. Откако приказот ќе започне да трепка
можете да мерите уште околу 15–20 минути.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии
од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време,
извадете ги батериите од него. Доколку се подолго време
складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Поставување на продолжетокот на кракот
Навлечете го продолжетокот на кракот 17 од напред на кракот на
преклопување 1. Притоа внимавајте на стрелката на продолжетокот на
кракот. Навлечете го продолжетокот на кракот колку што е потребно
преку зглобот на мерниот уред.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации во
температурата, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Одржувајте ја чистотата на површините на поставување и
контактните површини на мерниот уред. Заштитете го мерниот
уред од потреси и удари. Честичките нечистотија или деформациите
може да доведат до погрешно мерење.
Вклучување/исклучување
За да го вклучите одн. исклучите мерниот уред, притиснете на копчето за
вклучување-исклучување „ON/OFF" 12.
Доколку индикаторот „H" свети, зачувана е уште една вредност од
последното мерење. Оваа вредност може да се избрише со кратко
притискање на копчето „ON/OFF" 12.
Доколку околу 30 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред и
не се измери агол, тој се исклучува автоматски заради заштита на
батериите.
Центрирање со либели
Со либелата 8 мерниот уред може да го центрирате хоризонтално, а со
либелата 9 вертикално.
Вртење на приказот
За да можете подобро да ја прочитате прикажаната вредност,
притиснете на копчето 13 за вртење на екранот.
Режим на работа Мерење на агли
По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во режим на работа
„Мерење на агли".
Мерење на агли (види слики C–D)
Поставете го кракот на преклопување 1 и основниот крак 4 рамно на
рабовите што треба да се измерат. Прикажаната измерена вредност c
одговара на внатрешниот агол w помеѓу основниот и кракот на
преклопување.
Оваа измерена вредност ќе се прикажува на екранот 7, додека не го
промените аголот меѓу кракот на преклопување 1 и основниот крак 4.
Bosch Power Tools
Македонски | 135
1 609 92A 21E | (13.9.16)