OBJ_BUCH-3004-002.book Page 139 Thursday, January 5, 2017 10:37 AM
По автоматското исклучување на батериската светилка, не притискајте на
прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Користете само оригинална Bosch опрема.
Не го покривајте копчето за светло, доколку батериската светилка е
вклучена. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да
предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина.
Не ги користете батериските светилки во сообраќајот. Батериските
светилки не се дозволени за осветлување во сообраќајот.
Пред било каква интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа,
одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја бате-
ријата од батериската светилка.
Не им дозволувајте на децата да ја користат батериската светилка. Таа е
наменета за професионална употреба. Децата можат од невнимание да се
заслепат себе си или другите лица.
ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот светлина. Оптичкото
зрачење може да им наштети на очите.
Изворот на светење не може да се замени. Ако изворот на светење е
дефектен, мора да се замени целата батериска светилка.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување
на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски
спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали
метални предмети, што може да предизвикаат премостување на
контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата.
Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со
течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може
да предизвика кожни иритации или изгореници.
Bosch Power Tools
Македонски | 139
1 609 92A 3P9 | (5.1.17)