• Ако откриете протекување, избегнувајте отворен пламен или
потенцијални извори на искри и проветрете ја неколку минути
просторијата во која се наоѓа апаратот. За да избегнете
создавање мешавина на воздух и запаллив гас во случај на
протекување од колото за средство за ладење, големината на
просторијата во која се наоѓа апаратот треба да одговара на
количината на употребеното средство за ладење. Просторијата
мора да има по 1 m² на располагање за секои 8 g од средството
за ладење R600a внатре во апаратот.
• При позиционирање на уредот, погрижете се кабелот за
снабдување со ел. енергија да не биде заглавен или оштетен.
• Немојте да поставувате повеќе преносни штекери или преносни
кабли за напојување на задниот дел од уредот.
ВНИМАНИЕ
За да се намали ризикот од мали повреди на лица,
неисправно функционирање или оштетување на
производот или имотот при користење на овој производ,
следете ги основните мерки на претпазливост,
вклучително и следните:
МОНТАЖА
•Не навалувајте го апаратот за да го влечете или туркате при
транспорт.
•Осигурете се да не дојде до заглавување на некој дел од
телото, на пример раката или стапалото, додека се
преместува апаратот.
РАБОТЕЊЕ
•Не допирајте ја замрзнатата храна или металните делови во
преградата на замрзнувачот со водени или влажни раце. Тоа
може да предизвика замрзнатини.
•Не ставајте стаклени контејнери, шишиња или конзерви
(особено оние што содржат газирани пијалоци) во одделот за
замрзнување, на полиците, или во кантата за мраз, што ќе
бидат изложени на температури под замрзнување.
МК
9