184 | Македонски
Полнење на батеријата (види слика B)
Не употребувајте друг полнач. Испорачаниот полнач
u
одговара на вградената литиум-јонска батерија во
вашиот електричен апарат.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Напонскиот опсег на полначот е меѓу 100−240 V.
u
Уверете се дека приклучокот од кабелот за
напојување се вклопува во штекерот.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку
батеријата е празна, електричниот апарат се исклучува со
заштитен прекинувач: Машината повеќе не работи.
По автоматското исклучување на уредот, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/
исклучување. Батеријата може да се оштети.
Поврзете го полначот со изворот на струјата со
вметнување на соодветниот крај на кабелот за полнење
во штекерот, а со другиот крај во џекот на задната страна
на рачката (постои само една можност).
Процесот на полнење започнува веднаш штом кабелот за
полнење е вметнат во штекерот.
Индикаторот за наполнетост на батеријата го покажува
напредокот на полнењето. Ако индикаторот трепка
зелено, батеријата се полни. Ако индикаторот за статус на
полнење на батеријата свети трајно зелено, батеријата е
целосно наполнета.
За време на процесот на полнење се затоплува дршката
на електричниот алат. Ова е нормално.
Доколку не го употребувате, извадете го полначот од
струја.
Електричниот алат не може да се користи за време на
процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не
функционира за време на процесот на полнење.
Заштитете го полначот од влага!
u
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Упатство за работа
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
При промена на сечилото за пила внимавајте на
u
тоа, да не го држите електричниот алат во делот кај
или на прекинувачот за вклучување/исклучување и
кај блокадата при вклучување. При невнимателно
ракување со прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
F 016 L81 917 | (09.01.2020)
При менувањето на сечилата за пила внимавајте на
u
тоа, на прифатот за сечило за пила да нема
остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални
струготини.
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
За време на сечењето држете го електричниот
u
апарат цврсто со едната рака за рачката.
Немојте да го држите алатот за куката, сечилото
u
или отворите за ладење додека сечете со него.
Сечилото може да биде вжештено. Оставете го да
u
се олади пред да го допрете.
Бирање на сечилото за пила
Користете само листови за пила соодветни за
материјалот што се обработува.
Прегледот со препорачаните листови за пила ќе го
најдете на крајот од ова упатство. Користете ги само
препорачаните листови за пила.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист за
пила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Ако прекинувачот за вклушување/исклучување го
задржите притиснато тогаш сигналот за наполнетост на
батеријата ќе ја прикажува состојбата на наполнетост на
батеријата.
ЛЕД светло
Трајно зелено светло
Трепкаво зелено светло
Трепкаво црвено светло
Трајно црвено светло
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Капацитет
≥35 %
15 − 35 %
5 − 15 %
≤ 5 %
Bosch Power Tools