Bosch AdvancedHedgeCut 36 Manual Original página 206

Ocultar thumbs Ver también para AdvancedHedgeCut 36:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 30
206 | Македонски
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
u
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
Електричните алати користете ги само со
u
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
u
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни правила за електричните
ножици за жива ограда
Чувајте ги сите делови на своето тело подалеку од
u
сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните
заглавените отпадоци од сечилото додека
машината е вклучена. Заглавените отпадоци
отстранувајте ги од сечилото само кога машината е
исклучена. Еден момент на невнимание при работа со
електричните ножици за жива ограда може да
резултира со тешки повреди.
Електричните ножици секогаш носете ги за
u
рачката, и тоа само кога се исклучени. Кога ги
пренесувате или складирате електричните ножици
секогаш ставете ја заштитната футрола.
Внимателното ракување со машината го намалува
ризикот од повреда.
Работете со машината само на изолирани
u
површини, зошто сечилото може да дојде во допир
со скриени електрични инсталации. Ако сечилото
F 016 L94 044 | (17.12.2019)
дојде во допир со проводник на електрична енергија,
преку металните делови на машината може да
предизвика електричен удар кај ракувачот со
ножиците.
Кабелот чувајте го подалеку од местото на сечење.
u
Во процесот на работа внимавајте случајно да не ги
пресечете жиците што се можеби скриени во
грмушките.
Дополнителни сигурносни напомени
Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со
u
ограничени физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на искуство и знаење, освен
ако не им се обезбедени соодветни инструкции или
надзор за употреба на машината од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
уредот.
При работата, држете го електричниот апарат
u
цврсто со двете дланки и стојте стабилно. Со
електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Пред да ја користите машината проверете да се
u
монтирани сите штитници и рачки. Никогаш не
работете со машина која не е целосно монтирана или
на која се вршени недозволени преправки.
Подмачкувајте ја машината со спреј за
u
подмачкување пред секоја употреба.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Додека ја користите машината, во круг од најмалку
u
3 метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на
машината е одговорен за безбедноста на трети лица во
нејзината близина.
Никогаш не држете ја машината за сечилото.
u
Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се
u
запознаени со овие инструкции да ја користат
машината. Локалните прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот.
Не користете ја машината кога во близина има
u
животни, луѓе, а особено деца.
Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други
u
луѓе или имот.
Не користете ја машината боси или со отворени
u
сандали. Носете крути обувки и долги пантолони. Се
препорачува носење на заштитни ракавици, очила и
обувки. Не носете лабава облека или накит, којшто
може да биде заплеткан во подвижните делови.
Детално прегледајте ги растенијата коишто сакате да
u
ги шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други
предмети.
Секогаш пред употреба проверете да не е оштетено
u
или истрошено сечилото, носачот на сечилото или
склопката за сечење. Никогаш не работете со
оштетено или истрошено сечило.
Дознајте како да ја запрете машината во итен случај.
u
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido