Bosch PBD 40 Manual Original página 189

Ocultar thumbs Ver también para PBD 40:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 32
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Промена на алат (види слика C)
Погонската единица (12) фабрички се испорачува со
брзозатезна глава со две чаури (16).
Вметнување алатот за вметнување
– Свртете го сигурносниот прстен (27) во насока
„UNLOCK".
– Свртете ја затезната чаура (29) во насока на стрелките
од часовникот додека не се вметне алатот за
вметнување (17).
– Вметнете го сосема алатот за вметнување (17) држете
го во прифатот за алат и рачно свртете ја затезната
чаура (29) во насока спротивна на стрелките од
часовникот. Притоа цврсто држете го затезниот
прстен (28).
– Свртете го сигурносниот прстен (27) во насока
„LOCK".
Напомена: При вметнување на мали бургии, прво
подесете го прифатот за алат на приближен дијаметар за
дупчење. Инаку постои опасност, бургијата да не може
правилно да се центрира.
Вадење на алатот за вметнување
– Свртете го сигурносниот прстен (27) во насока
„UNLOCK".
– Свртете ја затезната чаура (29) во насока на стрелките
од часовникот додека не се извади алатот за
вметнување (17).
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
По секое подесување, повторно зацврстете ги
u
завртките и затезниот лост на електричниот алат.
Подготовка за работа
Осветлување на работното поле (види слика D)
Погрижете се, непосредното работно поле да биде
доволно осветлено.
– За активирање на екранот (14) свртете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во
позиција 
.
– Вклучете ја единицата за осветлување (22) со
копчето (30).
На екранот (14) се прикажува приказот „Light".
Правилно позиционирање на делот за обработка
(види слика E)
Ласерот со вкрстени линии ви го покажува точното место
на дупчење.
Bosch Power Tools
– За активирање на екранот (14) свртете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) во
позиција 
.
– Вклучете ја ласерската единица (22) со копчето (31).
На екранот (14) се прикажува приказот „Laser".
– Насочете ја Вашата ознака на делот за обработка на
ласерот со вкрстени линии.
Прицврстување на делот за обработка
(види слики F1−F2)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот за
обработка. Не обработувајте делови за обработка, кои се
премали за добро да се прицврстат.
Долгите и тешки делови за обработка мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Напомена: за прицврстување на мали делови за
обработка користете машинско менгеме (на пр. Bosch
MS 80).
– Позиционирајте го делот за обработка со помош на
ласерот со вкрстени линии.
– Олабавете го брзозатезниот лост (2) на брзиот
затегнувач (3).
– Оставете го брзиот затегнувач да легне на делот за
обработка. Свртете го брзозатезниот лост (2) во
насока на стрелките од часовникот додека не се
затегне цврсто делот за обработка.
– По дупчењето, олабавете го брзозатезниот лост (2) во
насока спротивна на стрелките од часовникот.
– Свртете го брзиот затегнувач (3) на страна и извадете
го делот за обработка.
Паралелниот граничник (19) служи за да ги обезбеди од
вртење поголемите делови за обработка.
– Олабавете ги пеперутка-завртките (20) на
паралелниот граничник (19) и поставете го
паралелниот граничник во жлебовите на основната
плоча (1).
– Повторно прицврстете ги пеперутка-завртките.
– Прицврстете го делот за обработка со помош на
брзиот затегнувач (3).
Прилагодување на висината на погонската единица
(види слика G)
Не ја подесувајте висината на погонската единица
u
за време на работата. Активирајте го затезниот
лост (7) само доколку вртливото тркалце е во стартна
позиција. Со овие мерки на претпазливост ќе ги
избегнете можните повреди.
Висината на погонската единица (12) може да се подеси
во зависност од должината на алатот за вметнување и
големината на делот за обработка.
Напомена: по подесувањето на висината на погонската
единица, мора одново да го проверите позиционирањето
на делот за обработка со помош на ласерот со вкрстени
линии. Доколку е потребно, одново израмнете го делот за
обработка.
Македонски | 189
1 609 92A 4N5 | (25.09.2020)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido