БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
▪ Минималната оддалеченост меѓу површината на плочата
на која стојат тавите и долниот дел на аспираторот мора да
изнесува 65 цм, освен ако во упатството за монтирање не е
поинаку наведено. Доколку во упатството за монтирање на
плочата е наведено поголемо растојание, тоа треба да биде
земено предвид.
▪ Насобраниот воздух не може да се отстранува преку канал
кој се користи за отстранување чад од уреди, чијшто погон
го предизвикува енергија што е различна од електрична
енергија (системи за централно греење, термосифони,
грејачи за вода и слично).
▪ За време на монтирањето на каналот за отстранување,
треба да се почитуваат официјално важечките инструкции на
надлежните органи. Дополнително, отстрануваниот воздух не
треба да се одведува во ѕидна вдлабнатина, освен ако таа
вдлабнатина е наменета за таа цел.
▪ Просторијата мора да биде добро проветрена, кога во исто
време работи аспираторот и други грејни уреди напојувани со
енергија различна од електричната енергија (греалки на гас,
нафта, јаглен итн.).
▪ Всушност, ослободувајќи се од воздухот, влезниот аспиратор
може да создаде потпритисок во просторијата. Потпритисокот
не треба да надминува 0,04 mbar. Тоа спречува повторно
вовлекување на гасот исфрлен од страна на изворот на
топлина. Па затоа, се препорачува во просторијата да се
наоѓаат вентилациони отвори што обезбедуваат постојан
прилив на свеж воздух.
▪ Треба да се провери етикетата со датум во внатрешноста на
уредот; ако е испечатен симболот ( ), прочитајте го следново:
според техничката спецификација на уредот, тој припаѓа во II
класа на изолација, па затоа не треба да се заземјува.
▪ Треба да се провери етикетата со датум во внатрешноста
на уредот; ако симболот ( ) НЕ Е испечатен, прочитајте го
следново:
При креирањето на електричните поврзувања, треба да се
120
ВНИМАНИЕ! Овој уред треба да се заземји.