Bosch UniversalChainPole 18 Manual Original página 261

Ocultar thumbs Ver también para UniversalChainPole 18:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 36
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Извадете ја батеријата од машината пред да
u
работите на неа (на пр. редовно одржување,
замена на делови и сл.), како и пред транспорт и
складирање. Постои ризик од повреда ако ненамерно
се активира прекинувачот за вклучување /
исклучување со копчето за заклучување.
Составување на уредот (види слики C и E)
Поврзете ги главата на кроењето и телескопската рачка
рамно едни со други и прицврстете ги со вртење на
поврзувачкото парче (6). Проверете обата дела од
тримерот да се правилно монтирани и заклучени.
Прицврстете ја лентата за рамо (11) до јамките на
ременот (10)/(13) на дршките. Имајте на ум дека лентата
за на рамо има две куки со различна големина. Уверете
се дека поголема куката (20) до јамката за ремени на
задната рачка (13) и помалата кука (19) до јамката за
ремени на предната рачка (10) се прицврстени.
Извадете го штитникот за синџирот на пилата.
Прилагодете ја висината на телескопот (види
слика F)
Олабавете го прилагодувачот на висината на
телескопот (8) со вртење, наместете ја телескопската
цевка (7) до посакуваната должина и завртете го
прилагодувачот на висината на телескопот (8) повторно
цврсто.
Во зависност од примената, телескопската цевка (7)
може да се прилагоди на должина од 2,1 m до 2,6.
Прилагодете ја вртливата глава (види слика H)
Притиснете ги двата тастера за подесување
истовремено (4), поставете ја вртливата глава во
посакуваната положба со поместување на главата од
режачот нагоре или надолу, ослободете ги копчињата за
прилагодување(4) и уверете се дека главата на режачот е
правилно заклучена.
Вртливата глава може да се заклучи во 9 различни
позиции.
Затегнување на синџирот (види сликаJ)
Проверете ја затегнатоста на ланецот пред да започнете
со работа, по првите парчиња и на секои 10 минути
додека пилите. На почетокот на употребата, новите ланци
можат значајно да се олабават.
Секогаш затегнувајте го ланецот на пилата кога ладен.
Затегнување на ланец на вруќа пила може да го
презатегне ланецот.
– Синџирот на пилата (1) е правилно затегнат ако истиот
може да се подигне во средината за 2-3 мм. Ова се
Bosch Power Tools
проверува такашто со една рака се подига ланецот
наспроти тежината на пилата.
– За да ја прилагодите затегнатоста на ланецот, свртете
ја завртката за затегнување (5) со клучот Ален во
насока на стрелките на часовникот (ја зголемува
затегнатоста на ланецот) или спротивно од стрелките
на часовникот (за намалување на затегнатоста на
ланецот).
Подмачкување на ланецот (види слика I)
Совет: Пилата не се испорачува наполнета со масло за
ланецот. Многу е важно да ставите соодветно масло пред
првата употреба. Користењето на пилата без масло за
пила или кога нивото на маслото е под минималната
ознака, ќе ја оштети пилата.
Животниот век и ефикасноста на ланецот зависат од
оптималното подмачкување. Ова е причината зошто
синџирот на пилата автоматски се подмачкува преку
млазницата за масло за време на работата.
За да го наполните резерварот за масло:
– Ставете ја пилата на соодветна површина со капачето
за масло (3) нагоре.
– Со крпа исчистете го делот околу капакот на
резервоарот за масло (3) и одвртетего капачето.
– Наполнете го резервоарот за масло со
биоразградливо масло за ланец од Бош. Употребата на
неодобрено масло може да ги наруши перформансите
на системот за масло.
– Внимавајте во резерварот да не влезе никаква
валканштина.
– Повторно цврсто затворете го капакот на резервоарот
за масло. Избришете го со крпа маслото кое се
истурило по производот.
– Проверете дали капакот на резервоарот за масло не е
презатегнат.
– Оставете пилата да работи 30 секунди за да го
испумпува маслото во системот.
Совет: За да овозможите вентилирање на резервоарот за
масло, мали воздушни канали постојат кај капачето за
масло. За да избегнете истекување, секогаш кога не се
користи пилата, поставете ја хориѕонтално со капачето на
резервоарот за масло (3) свртено нагоре.
Совет: Маслото се згуснува на ниски температури што го
намалува протокот на маслото.
Замена на ланец (види слика K и L)
Секогаш носете заштитни очила кога работите на
u
пилата или со неа.
Користете само меч со заштитна водилка одобрен
u
од Бош.
Олабавете ги двете завртки на капакот (22) и извадете го
капакот.
Подигнете го ланецот на пилата (1) и мечот (2) од
запчаникот (23).
Извадете го тапиот ланец (1) од мечот на пилата (2) и
фрлете го согласно прописите.
Македонски | 261
F 016 L94 061 | (23.12.2020)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido