Descargar Imprimir esta página

Skil F0152055 Serie Manual Original página 110

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 38
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.
При тоа, земете ги предвид работните услови и
работата која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни
ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) ВНиМАТЕЛНО РАКУВАЊЕ и КОРиСТЕЊЕ НА
АПАРАТ СО АКУМУЛАТОР
a) Полнете го акумулаторот само во апаратите за
полнење кои се пропишани од страна на
производителот. За апаратот за полнење кој е
соодветен за определен вид на акумулатори, постои
опасност од пожар, доколку се употребува со други
акумулатори.
b) Користете ги електричните алати само со
специфично назначени пакувања на батерии.
Користењето на друг вид на батерии може да доведе
до ризик од повреда или пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како штрафчиња,
парички, клучеви, клинци, навртки или други,
мали предмети кои може да направат краток
спој. Краткиот спој кај батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
d) При погрешна примена може да излезе течност
од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа.
При случаен контакт, измијте се со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително. Течноста која
може да излезе од акумулаторот може да доведе до
надразнување на кожата и изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
кој е оштетен или изменет. Оштетени или
изменети батерии може да реагираат
непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија
или опасност од повреда.
f) Не го изложувајте комплетот со батерии или
алатот на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и не го
полнете комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен во
инструкциите. Неправилното полнење или на
температура надвор од наведениот опсег може да ја
оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од
пожар.
6) СЕРВиСиРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии. Поправката на комплети со батерии треба
да ја врши само производителот или овластен
сервис.
БЕзБЕДНОСНи УПАТСТВА зА ПиШТОЛиТЕ зА
СиЛиКОН БЕз КАБЕЛ
• Секогаш проверувајте го напонот на плочката со
податоци за типот на полначот (полначите
предвидени за напони од 230 V или 240 V можат да
се приклучат и на напојување од 220 V)
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, апаратот треба веднаш да се исклучи и да се
извлече приклучникот од мрежната приклучница
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
ПОЛНЕЊЕ/АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРиЈА
• Овој полнач може да го
користат деца над 8 години
како и лица со намалени
физички, сензорни и
ментални способности или
недоволно искуство и
знаење, доколку се под
надзор од лица одговорни
за нивната безбедност или
се подучени за безбедно
ракување со полначот и ги
разбираат опасностите кои
може да произлезат поради
тоа (инаку постои опасност од
погрешна употреба и повреди)
• Не ги оставајте децата без
надзор (така ќе се осигурате
дека децата нема да си играат
со полначот)
• Не ги оставајте децата без
надзор за време на
чистењето или одржувањето
на полначот
• Користете само полначот на SKIL 2610395914 и
батеријата/батерии на SKIL 2610397604 со овој алат
• Батеријата полнете ја исклучиво со испорачаниот
полнач
• Не ги допирајте контактите во полначот
• Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
• Никогаш не ги изложувајте на дожд апаратот/
полначот/батеријата
• Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
• Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за таа
цел треба да се предаде апаратот и полначот во
овластениот SKIL сервис
• Полначот не треба понатаму да се користи ако е
оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш да
110

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Masters 2055