OBJ_BUCH-1375-005.book Page 328 Friday, March 16, 2018 9:47 AM
328 | Македонски
Поставка на висината на клинот за расцепување (види
слика H)
За сечење на жлебови мора да ја поставете висината на
клинот за расцепување.
Користете го електричниот алат за правење
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен
чешел).
– Олабавете го затегнувачкиот лост 46.1 или завртката за
затворање 46.2, колку да може заштитната хауба 5.x да
се извлече малку од жлебот во клинот за расцепување
7.
За да ја заштитите заштитната хауба од оштетувања,
сместете ја во соодветниот држач 22 на куќиштето
(погледнете ја и сликата R1).
– Свртете ја курблата 20 во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што листот на пилата
32 се наоѓа во највизоката можна позиција над столот
на пилата.
– Поместете го клинот за расцепување 7 до крај надолу.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
уред.
Вклучување (види слика I1)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– Преклопете го сигурносниот поклопец 21 нагоре.
– За ставање во употреба, притиснете на зеленото копче
за вклучување 66.
Исклучување (види слика I2)
– Притиснете на сигурносниот поклопец 21.
Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен
прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање на
електричниот апарат по прекин на струја (на пр.
извлекување на струјниот кабел за време на работата).
За да може повторно да го користите електричниот
апарат, одново притиснете на зеленото копче за
вклучување 66.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ги допре
граничниците или другите делови на уредот.
Користете го електричниот алат за правење
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен
чешел).
Не го користете електричниот апарат за правење
процепи (жлебови во делот што се обработува).
1 609 92A 467 | (16.3.18)
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Клинот за расцепување мора да биде во права линија со
листот за пилата, за да се избегне заглавување на делот
што се обработува.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на паралелниот граничник.
Секогаш чувајте ја подвижната водечка летва на
електричниот апарат.
Позиција на корисникот (види слика J)
Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
– Предметот за обработка држете го безбедно со двете
раце и цврсто притиснете го на столот на пилата.
– За тесни парчиња и за сечење на вертикални агли на
закосување секогаш користете ја испорачаната
подвижна водечка летва 13 и дополнителниот
паралелен граничник 49.
Означување на линијата на сечење (види слика K)
– На тркалезната жолта налепница 33 исцртајте ја
дебелината на листот за пилата.
Притоа, делот што се обработува може точно да го
позиционирате за сечење, без да ја отворате
заштитната хауба.
Максимални димензии на делот што се обработува
вертикален агол на
макс. висина на делот што
закосување
0°
45°
Сечење
Сечење на прави резови
– Поставете го паралелниот граничник 8 на саканата
ширина на резот. (види „Поставување на паралелниот
граничник", страна 327)
– Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитната хауба 5.x.
– Подигнете го или спуштете го листот за пилата со
курблата 20 нагоре или надолу, така што горните запци
на пилата ќе стојат околу 5 mm над горната површина
на делот што се обработува.
– Поставете ја заштитната хауба според висината на
предметот за обработка.
Заштитната хауба при сечење мора секогаш да стои
лабаво на предметот за обработка.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
се обработува [mm]
79
56
Bosch Power Tools