ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ 1
A Прекинувач за вклучување/исклучување
B Либела за хоризонтални линии
C Либела за вертикални линии
D Отвор за ласерското светло
E Капак на делот за батерии
F Прибор со вакуум
G Прибор со стега
H Прибор со игли
J Прибор со магнет
K Прибор за завртки
L Прибор агломер
M Прибор клип за ременот
БЕЗБЕДНОСТ
• Сите упатства треба да се прочитаат и да се
внимава на нив, за да може безбедно и без
опасност да работите со овој мерен уред 2
• Не ја оштетувајте ознаката за предупредување
на мерниот уред
•
Доколку користите други уреди за
подесување и ракување освен овде наведените
или поинакви постапки, ова може да доведе до
опасна изложеност на зрачење
• Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или
животни и не погледнувајте директно во него
или неговата рефлексија (така може да ги
заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите) 3
• Доколку ласерскиот зрак доспее до очите,
веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете
главата од ласерскиот зрак
• Не вршете никакви промени на ласерскиот уред
• Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила (ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не
заштитуваат од ласерското зрачење)
• Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот (ласерските очила
не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои)
• Мерниот уред смее да се поправа само од страна
на квалификуван стручен персонал со
оригинални резервни делови (само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред)
• Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор (може да ги заслепат
другите лица поради невнимание)
• Не работете со мерниот уред во околина каде
постои опасност од експлозија, каде има
запаливи течности, гас или прашина (мерниот
уред создава искри, кои може да ја запалат правта
или пареата)
• Држете го алатот за мерење подалеку од срцеви
пејсмејкери (магнетот внатре во алатот за мерење
генерира поле што може да ја наруши функцијата на
срцевите пејсмејкери)
• Чувајте го алатот за мерење на страна од
магнетни медиуми за податоци и опрема што е
чувствителна на магнети (ефектот на магнетите
може да доведе до неповратна загуба на податоци)
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
2 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
3 Ласерско зрачење / Не гледајте во зракот/
Ласерски производ класа 2
4 Не се ослободувајте од електични алати и батерии
во домашниот отпад
УПОТРЕБА
• Вклучено/Исклучено
- пред првата употреба, отстранете заштитниот
вметнат дел како што е прикажано на сликата 5
- вклучувајте/исклучувајте го алатот со притискање
на прекинувачот A
! не гледајте во зракот на ласерот
! не насочувајте го ласерот кон луѓе или животни
! секогаш исклучувајте го алатот по употреба
• Менување батерии 6
! проверете дали алатот е исклучен
- отстранете го капакот E
- вметнете 3 x копчеста батерија AG13 (обрнете
внимание на правилната поларизација)
- поставете го капакот E
- секогаш отстранувајте ги батериите од алатот
доколку подолго време не го употребувате
- секогаш заменувајте ги сите батерии во комплет
• Работа со алатот 7
- кога проектирате хоризонтална линија, осигурите
се дека либелата е центрирана B
- кога проектирате вертикална линија, осигурите се
дека либелата е центрирана C
- вршете мерења со помош на референтната
проектирана линија
- кога проектирате ласерска линија на поголема
оддалеченост, можете да ја зголемите нејзината
видливост со поставување на предмет на крајот
од посакуваното растојание 8
• Прибор со вакуум F 9
За проектирање линии на мазни површини
- лизнете го алатот на приборот F
- поставете го приборот F на површината
- нивелирајте го алатот (осигурите се дека
соодветното ниво на либелата е центрирана)
- притиснете ги 2-те копчиња
- користете ја проектираната линија како референца
• Прибор со стега G 0
За проектирање на линии на плочи (со дебелина 15
- 30 mm)
- лизнете го алатот на приборот G
- прицврстете го приборот G на плочата со вртење
на копчето во насока на стрелките на часовникот
- користете ја проектираната линија како
референца
• Прибор со игли H !
За проектирање линии на гипсани плочи, меко дрво
и други меки материјали
- лизнете го алатот на приборот H
- поставете го приборот H на површината
- нивелирајте го алатот (осигурите се дека
соодветното ниво на либелата е центрирана)
- притиснете ги 2-те копчиња
53