64 | Македонски
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, при
вклучувањето на мерниот уред задржете го копчето за
вертикален режим (18) или копчето за хоризонтален
режим (19) притиснато 3 s. Доколку автоматиката за
исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко
трепкаат по 3 s.
За да го активирате автоматското исклучување,
исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го (без
притиснато копче).
Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените во било кое време. Хоризонталниот и
вертикалниот режим може да бидат вклучувани и
исклучувани независно еден од друг. По вклучувањето,
мерниот уред се наоѓа во хоризонтален режим.
Сите начини на работа може да се изберат со автоматика
за нивелирање како и со осцилаторна блокада.
Хоризонтален режим (вид слика B)
Во хоризонталниот режим мерниот уред испраќа
хоризонтална ласерска линија нанапред.
За да ја вклучите одн. исклучите хоризонталната
ласерска линија, притиснете го копчето за хоризонтален
режим (19).
Вертикален режим и точка на вертикала
(види слики C–E)
Мерниот уред располага со повеќе вертикални начини на
работа:
– Вертикална ласерска линија нанапред,
– Вертикална ласерска линија нанапред и кон десната
страна,
– Вертикална ласерска линија нанапред и наназад,
– Вертикални ласерски линии на сите четири страни.
Дополнително во вертикалниот режим секогаш се
проектира точка на вертикала надолу.
За вклучување/исклучување на вертикалниот начин на
работа, како и за промена на вертикалниот начин на
работа притискајте го копчето за вертикален режим (18)
додека не се појави посакуваниот начин на работа.
Режим на приемник
За работење со ласерски приемник (22) мора –
независно од избраниот начин на работа – да биде
активиран режимот на приемник.
При активиран режим на приемник, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник (22).
За вклучување на режимот на приемник притиснете на
копчето на ласерскиот приемник (17). Приказот за
режим на приемникот (15) свети црвено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучен режимот на приемник. За
работење без ласерски приемник, исклучете го режимот
на приемник со одново притискање на копчето Режим на
приемникот (17). Приказот (15) се гаси.
1 609 92A 4HR | (26.11.2020)
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога или прицврстете го на ротирачката
платформа (12).
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) во
позиција „
On".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од ±3°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе
од 3° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат брзо.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално
и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде
мерниот уред во полето на самонивелирање од ±3°
ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на
референтните точки, за да се избегнат грешките при
поместување.
Работа со осцилаторна блокада
За работење со осцилаторна блокада, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) во
позиција „ On". Приказот осцилаторна блокада (14)
свети црвено и ласерските линии непрекинато трепкаат
во бавен такт.
При работа со осцилаторна блокада автоматиката за
нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го
држите слободно во рака или да го поставите на навалена
подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не
мора да се вертикално една кон друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина
на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот
уред на статив и поставете го во средината на работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а
потоа точноста на нивелирањето на вертикалната
ласерска линија.
Bosch Power Tools