b) Користете ги електричните алати само со
специфично назначени пакувања на батерии.
Користењето на друг вид на батерии може да доведе
до ризик од повреда или пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како штрафчиња,
парички, клучеви, клинци, навртки или други,
мали предмети кои може да направат краток
спој. Краткиот спој кај батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
d) При погрешна примена може да излезе течност
од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа.
При случаен контакт, измијте се со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително. Течноста која
може да излезе од акумулаторот може да доведе до
надразнување на кожата и изгореници.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја
само на обучен, стручен кадар на овластен
сервисер, и само со оригиналните резервни
делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПИШТОЛИТЕ ЗА
СИЛИКОН БЕЗ КАБЕЛ
• Секогаш проверувајте го напонот на плочката со
податоци за типот на полначот (полначите
предвидени за напони од 230 V или 240 V можат да се
приклучат и на напојување од 220 V)Always check that
the supply voltage is the same as the voltage indicated on
the nameplate of the charger (chargers with a rating of
230V or 240V can also be connected to a 220V supply)
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, апаратот треба веднаш да се исклучи и да се
извлече приклучникот од мрежната приклучница
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
• Алатот/полначот не се наменети за употреба од
страна на лица (вклучително и деца со намалени
физички, чувствителни или ментални способности,
без искуство и познавања, освен ако не се под
надзор или ако не се обучени за употребата на
алатот/полначот од страна на лице кое што е
одговорно за нивната безбедност
• Обезбедете децата да не си играат со алатот/полначот
ПОЛНЕЊЕ/АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
• Батеријата полнете ја исклучиво со испорачаниот
полнач
• Не ги допирајте контактите во полначот
• Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
• Никогаш не ги изложувајте на дожд апаратот/
полначот/батеријата
• Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 40°C и
повисока од 0°C
• Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
• Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за таа
цел треба да се предаде апаратот и полначот во
овластениот SKIL сервис
• Полначот не треба понатаму да се користи ако е
оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш да
се замени кабелот во овластен SKIL сервис или
мрежната приклучница
• Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку веднаш да се замени
• Никогаш не ги расклопувајте ниту заменувајте
полначот или батеријата
• Не се обидувајте со полначот да ги полните
батериите што не се предвидени за полнење
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА ПОЛНАЧОТ/
БАТЕРИЈАТА
4 Користете го полначот само во затворен простор
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Сигурносен изолациски трансформатор (изворот на
струја е одвоен од излезот на трансформаторот по
електричен пат)
7 Автоматско исклучување кога ќе се прегрее
полначот (термичкиот осигурувач паѓа, па полначот
станува бескорисен)
8 Погрешниот поларитет на спојот на полначот може
да предизвика проблем (полнете ја батеријата само
со полначот што сте го добиле со апаратот)
9 Не го фрлајте полначот во домашниот отпад
0 Не ја фрлајте батеријата во домашниот отпад
! Технологијата NiMH обезбедува повеќе енергија
којшто помалку ја загрозува животната средина
УПОТРЕБА
• Полнење на акумулаторска батерија @
- акумулаторските батерии на новите апарати не се
потполно наполнети
! откако батеријата ќе се наполни треба да се
извади од полначот, со што се продолжува
векот на траење на батеријата
ВАЖНО:
- по 3 часа, операцијата за полнење ќе заврши и
батеријата може да се користи, иако црвената
лампичка се уште може да свети (црвената
лампичка се гасне по полнење од повеќе од 3 часа)
- при полнење полначот и батеријата се загреваат;
тоа е нормално и не претставува никаков проблем
- надворешните површини на батеријата треба да
бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во
полначот
- кај температури пониски од 0°C и повисоки од 40°C
треба да се избегнува полнење; со тоа може да се
оштети полначот и акумулаторската батерија
- батеријата не смее да се вади во текот на
работата на апаратот
! новата акумулаторска батерија или онаа што
не се користела подолго време, ќе даде свој
полн ефект приближно по 5 циклуси полнење/
празнење
- акумулаторската батерија не смее повторно да се
полни по секоја кратка работа; тоа може да
резултира со скратување на нејзиниот век на
траење и намалување на ефикасноста на
акумулаторската батерија
104