MK
Совети за работа
Придржувајте се кон локалните прописи за
работење со косилки за трева.
Целосно и внимателно проверете го теренот што
треба да се коси - отстранете ги сите страни тела
Косете само кога во работното подрачје нема
никого
Косете само при добра видливост
Водете го апаратот само со брзина на чекорење
Косете само со остри ножеви
Не косете преку пречки (на пр. гранки, корења
од дрвја)
Кај коси терени секогаш косете попречно на
косината. Не користете ја косилката за трева
угоре или удолу, или на косини поголеми од 20°
Бидете особено внимателни кога на косини ја
менувате насоката на работа
Корисни совети за косењето
По можност, почнете да косите поблиску до
приклучната дозна
Водете го продолжниот кабел секогаш по веќе
косената површина на тревникот
Висината на косењето треба да биде рамномерна
3–5 cm, не косете повеќе од половината на
висината на тревата
Не преоптоварувајте ја косилката за трева!
Доколку бројот на вртежите на моторот
забележително опадне поради долга, тешка
трева, зголемете ја висина на косење и косете
повеќепати
Косете во утринските часови или доцна попладне
за да го заштитите свежо косениот тревник од
исушување
Во текот на фазите на засилен раст, косете
двапати неделно, а во сушните периоди,
намалете го бројот на косења
Чување
Чувајте го апаратот секогаш со извлечен штекер
Чувајте го апаратот на суво место, каде што
децата и неовластените лица немаат пристап
Апаратот може да се чува исправен на кошот за
зафаќање трева, така што ќе зафаќа помалку
место
216
Внимание!
Покријте го ножот и заштитете го од несакано
допирање!
Поправка
Поправките смеат да ги изведуваат само сервисите
на AL-KO и овластените специјализирани
работилници
За да се спречи дебаланс, ножевите за сечење
и завртките за прицврстување смеат само
одделно да се заменуваат
Одржување и нега
Внимание - Опасност од повреда!
Пред сите работи на одржување и нега секогаш
извлекувајте го штекерот!
При работи на одржување и нега на ножот за
сечење секогаш носете работни ракавици!
Неизбалансираните ножеви водат до силни
вибрации и до оштетување на косилката.
Редовно проверувајте ги функционирањето
и истрошеноста на уредот за зафаќање на тревата
По косењето на тревникот темелно исчистете го
апаратот со метличка или со крпа. Преостанатите
нечистотии на долната страна на апаратот можат
да го доведат во прашање функционирањето
Не перете го апаратот со млаз вода! Водата
што ќе продре може да ги уништи комбинацијата
прекинувач-штекер, како и електромоторот
Редовно проверувајте да нема оштетувањата
на ножот. Острете / заменувајте ги тапите или
оштетените ножеви само во сервис на AL-KO
или во овластена специјализирана работилница.
Наострените ножеви мора да бидат избалансирани.
Вртлив момент на навртување на завртката
Нож 32 cm: 8 Nm
Нож 36 cm: 15 Nm
Нож 41 cm: 15 Nm
Внимание!
Ножот и моторното вратило не смеат да се
порамнат!
Оригинално упатство за работа