SPIT DWS 225 Manual De Instrucciones página 131

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 45
Шмирглање
Кога машината и правосмукалката се наместени, сте ги презеле сите безбедносни
мерки и сте се заштитиле со заштитна опрема, прво вклучете ја правосмукалката,
а потоа и машината. (Доколку користите правосмукалка со интегрирано
вклучување, едноставно вклучете ја машината)
Почнете со шмирглањето и внимателно допирајте ја работната површина, колку
што е можно полесно, така што главата за шмирглање ќе стои рамно на
површината.
Зглобовите во главата за шмирглање овозможуваат плочата за шмирглање да ги
следи контурите на работната површина.
Најдобра техника е да се користат преминувања кои се преклопуваат и главата
да биде во постојано движење. Никогаш не стојте премногу долго на едно место
затоа што таму ќе се појават кружни траги. Со тек на време ќе стекнете искуството
и ќе ви биде полесно да постигнувате одлични резултати.
ЗАБЕЛЕШКА: Проверете дали шмирглата што ја користите одговара за
задачата. Премногу груба шмиргла може да го отстрани материјалот пребрзо,
така што нема да имате контрола. Од друга страна, премногу фина шмиргла
може често да се затнува и да не ја обликува површината.
ВНИМАНИЕ: Внимавајте за да ги избегнете острите испакнувања, шајки, итн.
Тоа ќе ја уништи шмирглата, а веројатно ќе го оштети и сунѓерестото
перниче.
ОДРЖУВАЊЕ
Држете го алатот чист
Одвреме навреме продувајте ги сите канали за воздух со сув компримиран воздух.
Сите пластични делови треба да се чистат со мека влажна крпа. Никогаш не
користете растворувачи за чистење на пластичните делови. Тие можат да го
растворат или на друг начин да го оштетат материјалот.
Кога користите компримиран воздух носете заштитни очила.
Чистете го вртливиот приклучок за правосмукалката, бидејќи доколку се собере
премногу прав тоа ќе го спречи слободното вртење.
MK
Графитни четкички
Графитните четкички се потрошен материјал и треба да се менуваат кога ќе се
истрошат.
Испорачаните графитни четкички ќе траат околу 50 часа работа или 10.000
циклуси на вклучување/исклучување.
127
127

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Productos relacionados para SPIT DWS 225

Tabla de contenido