Лизгачка папуча (опрема) (види слика D)
При обработка на чувствителни површини можете да ја
ставите лизгачката папуча (17) на основната плоча (7),
за да спречите гребење на површината.
При поставување на лизгачката папуча (17) закачете ја
напред на основната плоча (7), притиснете ја позади
нагоре и оставете да се вклопи.
При работење со лизгачката папуча не може да се
користи депото за сечила за пила (16) како и контролата
на линијата на сечење Cut Control.
Заштита од кинење (опрема) (види слика E)
Заштитата од кинење (18) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(7) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (18) од долу на
основната плоча (7) (како што е прикажано на сликата,
со засекот нагоре).
Контрола на линијата на сечење Cut Control
(опрема)
Контролата на линиите на сечење Cut Control
овозможува прецизно водење на електричниот алат долж
означената линија за сечење на делот што се обработува.
На Cut Control припаѓаат контролниот прозорец (11) со
ознаките за сечење и основата (9) за прицврстување на
електричниот алат.
Прицврстување на Cut Control на основната плоча
(види слика F)
Прицврстете го контролниот прозорец за Cut Control
(11) во држачите на основата (9). Потоа лесно склопете
ја основата и оставете ја да се вклопи во водилката (19)
на основната плоча (7).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Bosch Power Tools
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (опрема) (види слики G и H)
Монтирајте го заштитниот капак (8), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (8) на електричниот алат на
тој начин што ќе се вклопат двата надворешни држачи во
процепите на куќиштето.
Извадете го заштитниот капак (8) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа
притиснете го капакот на висина на надворешните
држачи и извлечете го нанапред.
Приклучување на всисувач за прав (види слика I)
Вметнете го адаптерот за всисување (20) (опрема) на
црево за всисување (21) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување (20) со млазниците за всисување (6) на
електричниот алат и цревото за всисување (21) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (18).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Подесување на аголот на закосување (види слика J)
Основната плоча (7) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (8) и заштитата од кинење (18) не
можат да се вметнат при сечење со закосување.
– Извадете ги заштитниот капак (8), заштитата од
кинење (18) и лизгачката папуча (17).
– Извадете го депото за сечило за пила (16) од
основната плоча (7).
– Олабавете ја завртката (23) и притиснете ја основната
плоча (7) лесно во правец на мерните млазници (6).
– За подесување на прецизен агол на закосување,
основната плоча од десната и левата страна има точки
Македонски | 179
1 609 92A 64Y | (12.07.2021)