Одржување И Сервис - Bosch GKM 18V-50 Manual Del Usuario

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 30
190 | Македонски
Ставање во употреба
Пред секоја работа со електричниот алат проверете
u
дали садот за собирање струготини е затворен и
заклучен. Никогаш не користете го електричниот
алат без одн. со дефектен заштитен капак/капак на
садот за собирање струготини.
Вметнување на батеријата
Вметнете ја наполнетата батерија (9) во електричниот
алат, додека не се заклучи.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (6) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(7) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (7) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го
намалува вибрирањето на сечилото за пила по
исклучување на електричниот алат.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Вклучување на LED-работното светло
Светлото (26) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Ширината на сечењето варира во зависност од
користениот сечило за пила.
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
1 609 92A 5YV | (16.09.2021)
за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник (14) овозможува прецизни
резови по должината на делот што се обработува, како на
пример сечење на ленти со исти димензии.
Сечење со помошен граничник (види слика E)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината
на помошниот граничник.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Заменете го капакот на садот за собирање
u
струготини (24) во случај на оштетување.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно
да се движи и да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gkm 18v-50 professional

Tabla de contenido