Bosch EasySaw 12 Manual Original página 135

Ocultar thumbs Ver también para EasySaw 12:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 22
OBJ_BUCH-2927-001.book Page 135 Monday, August 8, 2016 11:04 AM
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
Наполнетата батерија 2 вметнете ја во дршката, додека не
се вклопи и не легне рамно во дршката.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот апарат, притиснете ја
најпрво блокадата при вклучување 4 надесно или налево.
На крај притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 и држете го притиснат.
Лампата 5 свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 е напола или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За Исклучување на електричниот апарат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Electronic Cell
Protection (ECP)" од длабинско празнење. Доколку се
испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи
со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот
апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Контрола на бројот на удари
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 3.
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Bosch Power Tools
Се препорачува намалување на бројот на удари кога
листот за пила ќе го поставите на делот што се обработува
како и при сечење на пластика и алуминиум.
При долготрајна работа со мал број на удари електричниот
апарат може да се вжешти. Извадете го листот за пила и
оставете го електричниот апарат да се олади околу 3 мин.
така што ќе го оставите вклучен на максимален број удари.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказот за наполнетост на батеријата 10 при наполу или
целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување 3 неколку секунди ја прикажува
состојбата на наполнетост на батеријата и се состои од
тробојно LED светло.
ЛЕД светло
Трајно зелено светло
Трајно портокалово светло
Трајно црвено светло
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Доколку обработувате мали или тенки делови
секогаш користете стабилна подлога или пулт за
пила.
За прецизно работење може да го користите електричниот
апарат како убодна пила, а за груби и брзи резови како
сабјеста пила. Вметнете го листот за пилата за сечење со
убодна пила со правец на резот нанапред, за сечење со
сабјеста пила со правец на резот наназад.
Сечете со масивен притисок за да добиете оптимален и
прецизен резултат од сечењето.
При долги прави резови во дебело дрво линијата на резот
може да се искриви. За прецизни резови во овој случај се
препорачува користење на тркалезна пила од Bosch.
Пили за вдлабнување (види слика C)
 Смеат да се обработуваат само материјали како
меко дрво, гипс картон исл. при сечење со
вдлабнување!
За пилата за вдлабнување користете само кратки листови
за пила.
Поставете го електричниот апарат со предниот раб на
основната плоча 7 на делот што се обработува, без листот
за пила 8 да го допира делот што се обработува, и потоа
вклучете. Кај електричните апарати со контрола на бројот
на удари изберете го максималниот број на удари.
Притиснете го цврсто електричниот апарат на делот што се
обработува и оставете го листот за пила полека да се
вдлабне во него.
Откако основната плоча 7 со целата површина ќе се
постави на делот што се обработува, продолжете да
сечете по должина на саканата линија.
Македонски | 135
Капацитет
≥66 %
33–66 %
≤33 %
1 609 92A 32L | (8.8.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido