OBJ_BUCH-3153-001.book Page 299 Tuesday, July 11, 2017 1:50 PM
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]") од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 7 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 8.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 7 притиснете на копчињата за
отворање 8 и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата (Тип на батерија
GBA 18V...) (види слика A)
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 25 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 7.
Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Притиснете го копчето 24, за да се прикаже наполнетоста
на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена
батерија 7.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето 24 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Напомена: Наполнетоста на батеријата се прикажува и на
User Interface 4 (види поглавје „User Interface").
Bosch Power Tools
Приказ за наполнетоста на батеријата
(Тип на батерија GBA 18V 6.3Ah/GBA 18V 7.0Ah)
(види слика B)
Петте зелени LED светилки на приказот за наполнетоста на
батеријата 35 ја покажуваат наполнетоста на батеријата.
Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот алат е во
мирување.
Притиснете го копчето 34, за да се прикаже наполнетоста
на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена
батерија .
ЛЕД светло
Трајно светло 5 x зелено
Трајно светло 4 x зелено
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето 34 не свети LED
светилката, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Напомена: Наполнетоста на батеријата се прикажува и на
User Interface 4 (види поглавје „User Interface").
Монтирање на заштитните уреди
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот
апарат мора да се прати во сервисната служба, за
адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети
при користење".
Заштитна хауба за брусење
Капацитет
≥ 2/3
≥ 1/3
< 1/3
Резерва
Македонски | 299
Капацитет
> 80 – 100 %
> 60 – ≤ 80 %
> 40 – ≤ 60 %
> 20 – ≤ 40 %
> 0 – ≤ 20 %
0 %
Ставете ја заштитната хауба 12
на прифатот од електричниот
алат, додека кодираните запци
на заштитната хауба не се
вклопат со прифатот. Притоа
притиснете го и држете го
лостот за отклучување 1.
Притиснете ја заштитната хауба
12 на грлото на вретеното
додека венецот на заштитната
хауба не легне на прирабницата
на електричниот апарат и
вртете ја заштитната хауба
додека не осетите дека се
вклопила.
1 609 92A 3UT | (11.7.17)