Skil 9007 Manual Original página 142

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 45
Алатот или клучот кој се наоѓа во вртливиот дел на
уредот, може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности.
Завземете сигурен и стабилен став и во секој
момент одржувајте рамнотежа. На тој начин
можете подобро да го контролирате уредот во
неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата, облеката и
ракавиците држете ги подалеку од деловите
кои се движат. Комотната облека, накитот или
долгата коса може да бидат фатени во деловите кои
се движат.
g) Доколку може да се монтираат направи за
вшмукување и фаќање прашина, проверете
дали се вклучени и дали можат исправно да се
користат. Примената на овие направи ја намалува
опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во
наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Извлечете го штекерот од приклучокот пред
извршување на било какви подесувања на
апаратот, замена на приборот или складирање.
Со овие мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го
користите од допирот на децата. Не допуштајте
работа со уредот на лица кои не се запознаени
со него или кои го немаат прочитано ова
упатство. Електричните алати се опасни доколку со
нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте
контрола околу тоа дали движечките делови
на уредот работат беспрекорно и дали не се
заглавени, дали деловите се скршени или
оштетени до таа мерка што не може да се
обезбеди функционирање на уредот. Пред
примената, овие оштетени делови треба да
се поправат. Причина за многу незгоди е лошо
одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со
остри очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив
работата ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја
само на обучен, стручен кадар на овластен
сервисер, и само со оригиналните резервни
делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА АГОЛНИ БРУСАЛКИ
1) БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА СИТЕ ОПЕРАЦИИ
a) Овој алат е наменет да за брусење или
сечење. Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, упатства, слики и
спецификации што се обезбедуваат со овој
алат. Непочитувањето на сите упатства подолу
може да доведе до електричен удар, пожар и/или
сериозна повредаXX
b) Овој алат не се препорачува за пескарење,
четкање или полирање. Операциите за кои не е
наменет овој алат може да бидат ризични или да
предизвикаат лична повреда.
c) Не користете дополнителна опрема којашто
производителот на алатот специфично не ја
наменува или препорачува. Само заради тоа што
одредена дополнителна опрема може да се прикачи
на алатот, тоа не значи дека ќе обезбеди безбедна
работа.
d) Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот. Дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи.
e) Надворешниот дијаметар и дебелината на
дополнителната опрема мора да бидат во
рамките на капацитетот посочен на алатот.
Несоодветната големина на дополнителната опрема
не може соодветно да се обезбедува и контролира.
f) Поставувањето на дополнителната опрема со
протнување мора да се совпаѓа со нишката
на ободот на брусилката. Кај дополнителната
опрема што се поставува со крилца, целиот
отвор на опремата мора да се вклопува во
дијаметарот на крилцето каде што ќе се
постави. Дополнителната опрема којашто не
соодветствува на елементот за поставување кај
алатот нема да работи рамномерно, ќе вибрира
прекумерно и може да предизвика да ја загубите
контролата.
g) Не користете оштетена дополнителна
опрема. Проверете ја дополнителната опрема
пред секоја употреба за да утврдите дали
абразивните тркала содржат парчиња и
пукнатини, дали потпорните подлошки
имаат пукнатини, дали челичните четки
имаат разлабавени или скинати жици. Ако
алатот или дополнителната опрема паднат,
проверете дали се оштетиле или ставете
неоштетена дополнителна опремаXX По
проверката и поставувањето на дополнителната
опрема, поставете се подалеку од опсегот
на ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина
да работи една минута без оптоварување.
Оштетената дополнителна опрема обично ќе се
откачи во текот на овој период за проверка.
142

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

9008

Tabla de contenido