Bosch Professional GBH 2-25 Manual Original página 172

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 27
172 | Македонски
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Всисување прав со GDE 16 Plus (опрема)
(види слика I)
За всисувањето прав потребно е GDE 16 Plus (опрема).
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Всисување прав со GDE 18V-26 D (опрема)
За всисувањето прав потребен е уред за всисување GDE
18V-26 D (опрема).
При употреба на GDE 18V-26 D почитувајте ги
напомените за неговата намена во соодветното упатство
за употреба.
Капаче за собирање прав (опрема)
(види слика J)
За лесно собирање прав без вшмукување потребно е
капаче за собирање прав (23).
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
1 609 92A 626 | (12.01.2022)
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување (10) и свртете го
прекинувачот за запирање на удари/вртежи (11) во
саканата позиција додека не слушнете дека се
вклопил.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за запирање
на удари/вртежи (11)не се вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) е притиснат, ова не е
возможно.
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (7) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
– Тек на десно: свртете го прекинувачот за правец на
вртење (7) од двете страни до крај во позиција 
– Тек на лево: свртете го прекинувачот за правец на
вртење (7) од двете страни до крај во позиција 
Вклучување/исклучување
– За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
– За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за
фиксирање (8).
– За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9). При
фиксиран прекинувач за вклучување/
исклучување (9), најпрво притиснете го и потоа
отпуштете го.
.
.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido