154 | Македонски
закачување на дополнителната опрема. Аглите,
острите рабови или отскокнувањето може да доведат
до закачување на дополнителната опрема и да
предизвикаат губење на контрола или одбивање.
Не закачувајте сечило за длабење, сегментирани
u
дијамантски дискови со периферна празнина
поголема од 10 mm или назабено сечило за пила.
Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење
на контрола.
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење:
Користете само видови на дискови специјално
u
наменети за вашиот електричен алат и соодветната
заштита за избраниот диск. Дискови коишто не се
дизајнирани за дадениот електричен алат не може
соодветно да се заштитат и не се безбедни.
Површината за брусење на централните потиснати
u
дискови мора да се инсталира под рамнината на
заштитниот поклопец. Неправилно монтиран диск
којшто се протега преку рамнината на заштитната
рамка не може соодветно да се заштити.
Дисковите мора да се користат само за соодветни
u
намени. На пример: не користете диск за сечење за
странично брусење. Абразивните дискови за сечење
се наменети за периферно брусење, страничните сили
што се применуваат на овие дискови може да
предизвикаат нивно распарчување.
Секогаш користете неоштетени прирабници за
u
дискови со правилна величина и форма за вашиот
избран диск. Соодветните прирабници за дискови го
потпираат дискот со што се намалува можноста од
кршење на дискот. Прирабниците за дискови за
сечење може да се разликуваат од прирабниците за
дискови за брусење.
Не употребувајте користени дискови од поголеми
u
електрични алати. Диск наменет за поголеми
електрични алати не е соодветен за големи брзини на
мали алати и може да се распрсне.
Кога користите дискови со двојна намена, секогаш
u
користете ја соодветната заштита за работата што
ја вршите. Ако не го користите соодветниот штитник,
истиот може да не заштитува правилно и со тоа може
сериозно да се повредите.
Безбедносни предупредувања специфични за жичано
четкање:
Внимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна
u
дури и за време на вообичаени операции. Не ги
преоптоварувајте жиците со преоптоварување на
четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во
облека и/или кожа.
Ако се препорачува користење на заштита за
u
жичано четкање, не дозволувајте попречување
меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во
дијаметар заради работното оптоварување и
центрифугалните сили.
1 609 92A 7AM | (24.05.2022)
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.
При работата, држете го електричниот
алат цврсто со двете дланки и застанете
во сигурна положба. Со електричниот алат
посигурно ќе управувате ако го држите со
двете дланки.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
u
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
Не ги допирајте брусните дискови, пред да се
u
оладат. Плочите за време на работењето стануваат
многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за брусење и отстранување
остатоци од метал со корундни брусни тела.
Електричниот алат е наменет и за задачи со лончести
четки.
Електричниот алат не е наменет за задачи со плочести
четки.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
Bosch Power Tools