Descargar Imprimir esta página

Bosch GTS 18V-216 Professional Manual Original página 373

Ocultar thumbs Ver también para GTS 18V-216 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 61
– Повторно монтирајте го додатокот за маса (25) (види
„Монтирање на додатокот за маса (види слика c)",
Страница 367).
Доколку по подесувањето агломерот (21) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (19), олабавете ја завртката
(59) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Повторете ги горенаведените работни чекори соодветно
за вертикален агол на закосување од 45° (олабавете ја
завртката (60); поместете го 45°-граничникот (18)).
Притоа агломерот (21) не смее повторно да се
поместува.
Паралелност на сечилото за пила со водечките
жлебови на аголниот граничник (види слика K)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Отстранете го заштитниот поклопец (3).
Проверка
– Со молив означете го првиот лев забец на пилата,
којшто може да се види одзади над додатокот за маса.
– Поставете го аголното мерило на 90° и наместете го на
работ на водечкиот жлеб (30).
– Поместувајте го кракот на аголното мерило додека не
ги допре означените запци на пилата и прочитајте го
растојанието помеѓу сечилото за пила и водечкиот
жлеб.
– Вртете го сечилото за пила додека означениот забец
не застане однапред над додатокот за маса.
– Поместувајте го аголното мерило по должина на
водечкиот жлеб до означениот забец на пилата.
– Повторно измерете го растојанието меѓу сечилото за
пила и водечкиот жлеб.
Двете измерени растојанија мора да бидат идентични.
Подесување
– Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна
глава (61) напред под масата за сечење и завртките со
внатрешна шестаголна глава (62) назад под масата за
сечење со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (10).
– Внимателно движете го сечилото за пила додека не
дојде паралелно со водечкиот жлеб (30).
– Повторно затегнете ги сите завртки (61) и (62).
Подесување на показателот на растојание на масата
за сечење (види слика L)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
сечилото за пила.
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката на приказот на скала (56) на долната скала не
прикаже 29 cm.
За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (41) надолу.
– Повлечете ја затезната рачка (13) целосно нагоре и
извлечете го проширувањето на масата за сечење (6)
нанадвор до крај.
Bosch Power Tools
Проверка
Показателот на растојание (57) на горната скала (1) мора
да покажува идентична вредност како ознаката на
приказот на скала (56) на долната скала (1).
Подесување
– Повлечете го проширувањето на масата за сечење (6)
нанадвор до крај.
– Олабавете ја завртката (63) со крстест одвртувач и
насочете го показателот на растојание (57) по
должина на 29-cm ознаката на горната скала (1).
Подесување на паралелноста на паралелниот
граничник (види слика M)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Отстранете го заштитниот поклопец (3).
– Олабавете ја затезната дршка (41) на паралелниот
граничник и поместувајте ја додека не го допре
сечилото за пила.
Проверка
Паралелниот граничник (5) мора да го допира сечилото
за пила по целата должина.
Подесување
– Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна
глава (64) со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (10).
– Внимателно поместувајте го паралелниот граничник
(5), додека не го допре сечилото за пила по целата
должина.
– Држете го паралелниот граничник во оваа позиција и
повторно притиснете ја затегнувачката дршка (41)
надолу.
– Повторно цврсто затегнете ги завртките со внатрешна
шестаголна глава (64).
Поставување на силата на затегнување на
паралелниот граничник
Затегнувачката сила на паралелниот граничник (5) може
да попушти по честата употреба.
– Затегајте ја завртката за подесување (24), додека не
се фиксира паралелниот граничник на масата за
сечење.
Поставување на приказот на скала на паралелниот
граничник (види слика M)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Отстранете го заштитниот поклопец (3).
– Поместувајте го паралелниот граничник (5) од десната
страна додека не го допре сечилото за пила.
Проверка
Ознаката на приказот на скала (56) мора да биде во една
линија со 0 mm ознаката на скалата (1).
Подесување
– Олабавете ја завртката (65) со крстест одвртувач и
центрирајте го показателот на агли по должина на 0-
mm ознаката.
Македонски | 373
1 609 92A 7NP | (27.04.2022)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m44 0003 601 m44 0403 601 m44 0k03 601 m44 0b0Professional gts 18v-216