Descargar Imprimir esta página

Совети При Работењето - Bosch GKS 18V-57-2 Professional Manual Original

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 32
Затезната сила на затезната рачка (7) може
дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната
рачка (7) и повторно затегнете ја поместена за најмалку
30° во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (17).
Олабавете ги затезниот лост за претходно избирање на
аголот на косо сечење (9). Навалете ја пилата странично.
Подесете ја саканата димензија на скалата (8). Повторно
цврсто стегнете го затезната рачка (9).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (20).
Ознаки за сечење
GKS 18V-57-2
0
45
Ознаката на резот (12) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (1) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Вклучување на LED-работното светло
Светлото (10) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (1) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го
намалува вибрирањето на сечилото за пила по
исклучување на електричниот алат.
Bosch Power Tools
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Совети при работењето
u
Ширината на сечењето варира во зависност од
користениот сечило за пила.
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
GKS 18V-57-2 L
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
0
45
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
за пила. Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават
должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач
за прав.
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник (13) овозможува прецизни
резови по должината на делот што се обработува, како на
пример сечење на ленти со исти димензии.
Сечење со помошен граничник (види слика E)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината
на помошниот граничник.
Куки за закачување (види слика G)
Со куката за закачување (30) може да го закачите
електричниот алат на пр. на скала. Склопете ги куките за
закачување (30) во саканата позиција.
u
Повторно склопете ги куките за закачување (30) кога ќе
сакате да работите со електричниот алат.
Пред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
При закачен електричен уред, внимавајте сечилото
за пила да е заштитено од невнимателно
допирање. Постои опасност од повреда.
1 609 92A 7G0 | (24.05.2022)
Македонски | 203

Publicidad

loading