Descargar Imprimir esta página

Milwaukee PFH 26 Manual Original página 48

Ocultar thumbs Ver también para PFH 26:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 16
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш
да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно
додека употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело
да дојде до повратен удар со висок момент на реакција.
Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на
употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за
безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се
обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Алатката има остри рабови и може да се загрее за време на
работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од исеченици и изгореници
– при ракување со алатката
– при спуштање на уредот.
Носете заштитни ракавици кога ракувате со алатката.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за
напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат
да предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го
кабелот од струјата.
Кога работите со големи дијаметри на бушотина, помошната
рачка мора да биде врзана под вистински агол со главната
рачка (видете илустрации, дел,,Вртење на рачката,,).
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
PFH 26: Ротациониот чекан може да биде употребен
универзално за дупчење, клесање и дупчење.
PH 26: Пневматската ударна дупчалка/длето може да се
користи универзално за длетување на карпи и бетон.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете
го времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги панталони и цврсти
чевли.
• Вдишување токсични прашини.
94
ГЛАВНИ ВРСКИ
Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки
и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку
направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Поврзете се само на еднофазна наизменична струја и само на
мрежниот напон наведен на плочката со спецификации. Можно
е и поврзување со приклучоци без контакт за заземјување
бидејќи дизајнот е во класа на заштита II.
Бидете сигурни дека машината е исклучена пред да ја вклучите
во струја.
Овој апарат претставува апарат за професионална употреба, кој
може незначително да ги пречекори ориентационите вредности
за струјни горни бранови при приклучување на јавната мрежа
за низок напон. Затоа пред приклучување на апаратот на јавна
мрежа за низок напон по потреба контактирајте со компанијата
што е одговорна за вашето напојување со електрична енергија.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Не користете премногу сила при дупчење или ковање. Оставете
ја ударната дупчалка да ја заврши работата за вас.
РАБОТА ВО СТУДЕНО
Ако машината е складирана на подолг временски период или
на ниски температури, подмачкувањето може да се стврдне и
машината може да не работи на почетокот или да има ниски
перформанси. Ако тоа се случи:
1. Вметнете бургија или длето во машината.
2. Ставете ја машината на преостанато парче бетон.
3. Притискајте и ослободувајте го прекинувачот на неколку
секунди.
По 15 секунди до 2 минути, машината ќе започне да разбива
нормално. Колку е постудена машината, толку подолго треба да
се загрее.
ЧИСТЕЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Важна забелешка! Доколку карбонските четкички се истрошени,
со цел истите да бидат заменети алатот треба да биде пратен
во постпродажниот центар. Ова ќе обезбеди долг употребен век
и највисоки перформанси.
Ако приклучниот мрежен вод е оштетен, тој мора да биде
заменет од служба за клиенти, бидејќи за тоа е потребен
посебен алат.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот
број на табличката со учинокот или во Вашата корисничка
служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
МАКЕДОНСКИ
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз
машината исклучете го кабелот од струјата.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Носете ракавици!
Антивибрацискиот систем ги намалува
вибрациите на машината на рачката.
Не отстранувајте ја отпадната електрична и
електронска опрема како несортиран комунален
отпад.
Отпадната електрична и електронска опрема
мора да се собира посебно.
Отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата. Проверете кај вашиот
локален орган или продавач за совети за
рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи,
трговците на мало може да се обврзани
бесплатно да ја преземаат отпадната електрична
и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадната електрична и
електронска опрема помага да се намали
побарувачката на суровини.
Отпадната електрична и електронска опрема
содржи вредни материјали за рециклирање, кои
може негативно да влијаат на животната средина
и на здравјето на луѓето доколку не се отстранат
на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од
електричен удар не зависи само од основната
изолација туку и од тоа дали ќе се применат
дополнителните заштитни мерки како што се
двоструките изолации или појачаната изолација.
Не постои никаква направа за приклучување на
некој заштитен вод.
n
Вртежи на празен од
0
V
Напон
Наизменична струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
95

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Ph 26