184 | Македонски
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Не употребувајте сет на батерии или алат што е
u
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
u
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130 °C може да
предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не го
u
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни упатства за тримери за трева
Не користете ја колилката во лоши временски
u
услови, особено кога постои ризик од гром. Со тоа
ќе го намалите ризикот и веројатноста да бидете
погодени од гром.
Темелно проверувајте ја областа каде то косилката
u
ќе се користи поради евентуални диви животни.
Дивите животни може да бидат повредени од
косилката за време на работата.
Детално проверете го просторот каде што ќр
u
работи уредот и отстранете ги сите камења,
гранчиња, жици и други препреки. Фрлените
предмети може да предизвикаат телесна повреда.
Пред да ја користите косилката, секогаш визуелно
u
проверувајте ја за да се уверите дека склопот на
сечилото и сечилото не се истрошени или оштетени.
Изабените или оштетените делови го зголемуваат
ризикот од повреди.
Проверувајте го често делот за фаќање на тревата
u
да ли е изабен или оштетен. Истрошениот или
оштетен фаќач за трева може да го зголеми ризикот од
повреда.
Монтирајте ги сите ѕаштитини помагала на
u
предвиденото место. Заштитните помагала мора да
бидат функционални и правилно наместени.
Штитиникот кога е лабав, оштетен или не работи
правилно може да предизвика повреда.
F 016 L94 615 | (14.02.2023)
Чувајте ги сите отвори за вентилација без
u
нечистотија. Запушените отвори и остатоци може да
предизвикаат прегревање или опасност од пожар.
Кога работите со косилка, секогаш носете
u
нелизгави и заштитни обувки. Не ракувајте со
косилката боси или со отворени сандали. Ова го
намалува ризикот од повреда на стапалото при контакт
со сечилото кое е во движење.
Секогаш носете долги панталони кога ракувате со
u
косилката. Незаштитената кожа носи зголемен ризик
од повреда од отфрлени предмети.
Не ракувајте со косилката на влажна трева. Одете,
u
никогаш не трчајте. Ова го смалува ризикот од
лизгање или паѓање, што може да резултира со
повреда.
Не ракувајте со косилката на многу стрмни падини.
u
Ова го намалува ризикот од губење контрола, лизгање
или паѓање, што може да резултира со повреда.
Кога работите на падини, секогаш погрижете се
u
вашето подножје да е безбедно, секогаш работете
преку нагибот, никогаш по угорнина или удолница
и бидете исклучително внимателни кога го
менувате правецот. Ова го намалува ризикот од
губење контрола, лизгање или паѓање, што може да
резултира со повреда.
Бидете внимателни кога ја потпирате или влечете
u
косилката кон себе. Секогаш бидете свесни за
вашето окружување. Ова го намалува ризикот од
сопнување за време на работата.
Не допирајте ги сечилата и другите опасни
u
подвижни делови додека се уште се во движење.
Ова го намалува ризикот од повреда од подвижните
делови.
Кога отстранувате заглавен материјал или ја
u
чистите косилката, погрижете се сите прекинувачи
да се наоѓаат во положба OFF и батеријата да биде
извадена. Неочекуваното стартување на косилката
може да предизвика сериозни повреди.
Секогаш оставете го производот да се излади пред
u
складирање.
Испразнете го собирачот на трева пред да го
u
складирате.
Кога го прилагодувате уредот, внимавајте да не ги
u
заглавите вашите прсти помеѓу подвижните сечила и
фиксираните делови на машината.
Ракување
Препорачуваме да носите слушалки за заштита на
u
слухот.
Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете
u
машината, преку површини коишто не се трева и кога
ја носите машината до и од местото на косењето.
Не наведнувајте го уредот при вклучување или додека
u
моторот работи.
Моторот исклучувајте го стоејќи со стапалата подалеку
u
од ротирачките сечила.
Bosch Power Tools