Descargar Imprimir esta página

Bosch GAC 250 Professional Manual Original página 182

Ocultar thumbs Ver también para GAC 250 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 32
182 | Македонски
Сечете само аериран бетон. Не користете го
u
електричниот алат за работа за која тој не е
наменет. Пример: не користете го електричниот
алат за сечење на метал, пластика, ѕид, земја, мраз
и дрво. Користењето на електричниот алат за
несоодветни работи може да доведе до опасни
ситуации.
Следете ги сите упатства ако отстранувате всисан
u
материјал, ако го складирате или одржувате
електричниот алат. Проверете дали е исклучен
прекинувачот за вклучување/исклучување и да не
е вметнат струјниот приклучок. Ненамерно
допирање на електричниот алат при отстранување на
всисаниот материјал или при одржување може да
доведе до тешки повреди.
Причини и избегнување повратен удар:
u
– Повратен удар може да настане ако некој предмет го
допира сечилото на шината-водилка.
– Допир со врвот на сечилото во повеќето случаи
може да доведе до неочекувана реакција наназад, при
што шината-водилка може да скокне нагоре и во
правец на лицето кое ја користи пилата.
– Заглавувањето на ланецот на пилата на горниот раб
на шината-водилка може брзо да го турне сечилото
назад во правец на операторот.
– Секоја од овие реакции може да доведе до губење на
контрола врз електричниот алат и можни тешки
повреди. Не потпирајте се само на безбедносните
уреди вградени во електричниот алат. Како корисник
на електричниот алат треба да преземете различни
мерки, за да можете да работите без несреќи и
повреди.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба
на електричниот алат. Тој може да се спречи со
соодветни мерки на претпазливост, како што е
опишано подолу:
Држете го електричниот алат цврсто со двете раце,
u
додека палецот и прстите ги затвораат рачките на
електричниот алат. Ставете ги телото и рацете во
положба каде што можете да ги издржите силите на
повратен удар. Доколку се преземат соодветни
мерки, операторот може да ги контролира силите на
повратен удар. Никогаш не пуштајте го електричниот
алат.
Избегнувајте неправилно држење и не сечете над
u
висината на рамениците. Ова го спречува
ненамерниот контакт со врвот на шината-водилка и
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во неочекувани ситуации.
Секогаш користете ги резервните шини, ланци и
u
запчаници од производителот. Погрешните шини,
ланци и запчаници можат да доведат до кинење на
ланецот или до повратен удар.
Придржувајте се до упатствата на производителот
u
за одржување на моторната пила. Пренизок
граничник за длабочини ја зголемува можноста за
повратен удар.
1 609 92A 6BF | (25.10.2022)
Толкување на симболите
Прочитајте го упатството за употреба.
Не употребувајте го овој производ кога има
дожд.
Пред подесувањето и одржувањето, или ако
струјниот кабел е оштетен или исечен,
веднаш извадете го од приклучницата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Држете ги
посматрачите понастрана.
Секогаш држете го електричниот алат со
двете раце.
Внимавајте на повратен удар на
електричниот алат и избегнувајте контакт со
врвот од сечилото.
Носете заштита за очи и глава.
Носете заштита за слухот.
Носете маска за заштита од прав.
Носете чевли кои не се лизгави.
Носете заштитни ракавици.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading