БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на
батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво
соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
СОВЕТИ ЗА КОРИСНИКОТ
Оваа хефталка располага со два режима на работа (погледни
илустрации):
Индивидуално активирање:
Спојувалката се забива со активирање на прекинувачот.
Контактно активирање:
Држете го притиснат прекинувачот, за за да се забие
спојувалката автоматски при контакт со парчето што се работи.
Индикатор за полнење
Кога магацинот е скоро празен (содржи само 4–5 спојувалки)
под нормален притисок не се активира работен контакт и не се
забива спојувалка. Наполнете го магацинот за да може да
продолжите со работа.
Приспособување на длабочината на забивање (погледни
илустрации)
Проверете што се наоѓа зад парчето што се работи. При
забивањето, спојувалката може да го пробие материјалот и
сериозно да повреди други лица. Намалете ја потребата од
поголема длабочина на забивање, за да спречите спојувалката
да го пробие материјалот.
128
МАКЕДОНСКИ
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЗАГЛАВЕНА ИГЛА
Повеќето од заглавувањата се предизвикани од игла или дел
од игла што се заглавени помеѓу водечкиот лист и водичот на
иглата. Лентите со игли со погрешен агол на наклонот или со
погрешна големина можат да предизвикаат трајно
заглавување.
Отстранување на заглавувањето:
1. Отстранете ја батеријата.
2. ВНИМАНИЕ! При вметнување или отстранување на иглата,
секогаш држете ja иглата подалеку од себе и од другите
лица. Неисполнувањето на ова правило може да резултира
во повреда.
3. Отстранете ја лентата со игли од магазинот.
4. Извадете ја иглата со пар зашилени клешти. Доколку е
потребно, извадете го магазинот од уредот.
5. Пред да започнете повторно со работа, следете ги
чекорите во делот „Потребна дневна проверка".
НЕОПХОДНА Е СЕКОЈДНЕВНА ПРОВЕРКА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот од
повреда за вас или за други лица, секојдневно, пред да
почнете со работа, вршете ја следната проверка, пред сè
ако алатката паднала на земја, доживеала силен удар или
била згазната. Извршете ги следните проверки по
дадениот РЕДОСЛЕД. Ако алатката не функционира
нормално, веднаш контактирајте ја сервисната служба за
клиенти на MILWAUKEE.
Секогаш насочувајте ја алатката понастрана од себе или
од други лица.
1. Извадете ја батеријата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! При вметнувањето на шајките
насочувајте ја алатката понастрана од себе или од други
лица. Во спротивност постои опасност од повреда.
2. Проверете си сите штрафови, болцни, навртки и штифни
на алатката. Лабавите елементи за прицврстување треба
да се прицврстат.
3. Повлечете го наназад придвижувачот на шајки во
магацинот (за да го деактивирате индикаторот за полнење)
и притиснете го работниот контакт на парчето што го
работите. Активирањето мора да следи непречено.
4. Кога работниот контакт се наоѓа на парчето што го
работите, притиснете го прекинувачот. Активирањето мора
да следи непречено.
5. Ставете ја батеријата.
6. Изберете го режимот на работа "индивидуално
активирање". Повлечете го наназад придвижувачот на
шајки во магацинот (за да го деактивирате индикаторот за
полнење) без да го активирате прекинувачот, и притиснете
го работниот контакт на парчето што го работите. Алатката
не смее да започне со работа. Тргнете го работниот
контакт од парчето што го работите и повлечете го наназад
придвижувачот на шајки во магацинот (за да го
деактивирате индикаторот за полнење). Прекинувачот
држете го притиснат 5 секунди. Алатката не смее да
започне со работа. И понатаму држете го притиснат
прекинувачот и притиснете го работниот контакт на
парчето што го работите. Алатката не смее да започне со
работа. Пред да го притиснете прекинувачот, повлечете го
наназад придвижувачот на шајки во магацинот (за да го
деактивирата индикаторот за полнење) и притиснете го
работниот контакт на парчето што го работите. Притиснете
го прекинувачот. Алатката мора да почне со работа.
Пуштете го прекинувачот. Болцната за забивање мора да
се придвижи нагоре.
7. Изберете го режимот на работа "контактно активирање".
Повлечете го наназад придвижувачот на шајки во
магацинот (за да го деактивирате индикаторот за полнење)
без при тоа да има контакт со парчето што го работите и
притиснете го прекинувачот. Алатката не смее да започне
со работа. Држете го прекинувачот и понатаму притиснат и
притиснете го работниот контакт на парчето што го
работите. Алатката мора да започне со работа.
8. По успешното вршење на сите овие проверки, алаткате
може да биде пуштена во погон. Изберете го саканиот
режим на работа и вметнете ја лентата со шајки.
9. Подесете на длабочината на забивање согласно поглавјето
"Подесување на длабочината на забивање" и внимавајте
на илустрацииите.
10. По завршувањето на сите проверки уредот е спремен да
биде пуштен во погон. Проверките вршете ги на дневна
основа пред употребата на алатката, односно секогаш кога
алатката ќе ви падне, ќе доживее тежок удар, кога ќе биде
згазната, кога ќе се заглават шајки итн.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Држете ги рацете подалеку!
Предупредување за боци со гас
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
129