брусната шајбна, има пукнатинки или ломови, дали
на добошите за брусење има пукнатинки, ломови
или прекумерна изабеност, дали на жичената четка
има лабави или искршени жици. Ако електричниот
алат или приборот Ви паднале, проверете дали има
оштетувања или монтирајте неоштетен прибор.
Откако ќе го прегледате и ќе го монтирате приборот,
Вие и останатите присутни тргнете се од површината
на ротирачкиот прибор и во траење од една минута
вклучете го електричниот алат да работи со максимален
број на вртежи. Оштетениот прибор најчесто се крши во овој
тест-период.
g) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита,
заштита за очите или заштитни очила. Доколку е
потребно, носете маска за заштита од прашина,
заштита за ушите, заштитни ракавици или специјална
престилка, со која се заштитувате од ситни честички од
шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат
заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои
настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина
и за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава
при работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна
бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
h) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа
да се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг
на работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на
работа, мора да носи опрема за лична заштита. Можат да
се разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен
прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од
директниот делокруг на работа.
i) Држете го електричниот алат за издадените површини
при изведување на операции при кои алатот за сечење
можат да дојдат во контакт со скриени жици.Контакт со
жица под напон исто така ќе направи проводници од металните
делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.
j) Aлатот секогаш држете го цврсто во рацете при
стартувањето. Реакцијата на вртежниот момент на моторот,
додека забрзува со полна брзина, може да предизвика алатката
да се изврти.
k) Секогаш кога е практично, користете стегалки за
прицврстување на обработуваното парче. Никогаш
не држете мало обработувано парче во едната рака, а
алатот во другата, додека е во употреба. Ако го прицврстите
малото обработувано парче, тоа ќе Ви овозможи да ги користите
рацете за да ја контролирате алатката. Тркалезниот материјал,
како што се шипки со типли или цевки, имаат тенденција да се
вртат додека ги сечете, па може да предизвикаат бургијата да се
извитка или да излета кон Вас.
l) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако
орудието за применување не е дојдено во потполно
мирување. Електро-алатот што се врти може да дојде во
контакт со површината, на којашто се остава, а на тој начин
можете да ја изгубите контролата над електро-алатот.
m) Откако ќе смените бургија или ќе направите било
какво дотерување, проверете дали стезната чаура,
стезната глава или кој и да е друг дел за подесување
е безбедно процврстен. Лабавите делови за подесување
можат неочекувано да се слизнат и да предизвикаат губење на
контролата, а слободно ротирачките компоненти сосила ќе бидат
исфрлени.
n) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе во
вашето тело.
o) Редовно чистете го отворот за проветрување на
вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече
прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална
прашина може да предизвика електрични опасности.
p) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
q) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење. Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратен удар е ненадејна реакција поради блокирана или
заглавена ротирачка шајбна, брусна шајбна, четка или некој
друг прибор. Заглавувањето или блокирањето предизвикува
брзо придушување на ротирачкиот прибор, кое, пак,
предизвикува неконтролираната електрична алатка да биде
присилена во правец спротивен од правецот на вртење на
приборот.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува
во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот
или настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот
во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат
исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
a) Електричниот алат држете го цврсто и Вашето тело
и рацете нека Ви бидат во положба во која ќе можете
да им се спротивставите на силите на повратниот удар.
Оператерот може да го контролира повратниот удар доколку
преземе исправни мерки на претпазливост.
b) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од
и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри
рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон
кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или
повратен удар.
c) Немојте да приклучувате лист од назабена пила. Таквите
орудија за примена честопати предизвикуваат повратен удар или
губење на котролата врз електро-орудието.
d) Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во истиот
правец како остриот крај којшто излегува од материјалот
(кое е во истиот правец во кој паѓаат отпадните иверки).
Ако алатот врти во погрешен правец, тоа ќе предизвика остриот
крај од бургијата да излезе од работа и ќе го повлече алатот во
овој правец.
e) Кога користите ротациона турпија, шајбни за сечење,
високобрзински секачи или секачи од волфрам и тврд
метал, обработуваното парче секогаш нека биде
безбедно прицврстено. Овие шајбни ќе се заглават доколку
се ставени лабаво во жлебот и може да дојде до повратен удар.
Ако шајбната за сечење се заглави, самата шајбна обично ќе се
Македонски
Deutsch
113
113
Mak
D