Descargar Imprimir esta página

Bosch Professional GSB 12V-15 Manual Original página 142

Ocultar thumbs Ver también para Professional GSB 12V-15:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 22
142 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (6)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (8) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика C)
Прекинувачот за менување на правецот на вртење
u
(6) активирајте го само кога електричниот алат е во
мирување.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (6)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (6) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (6) на десно до крај.
Подесување на режимот на работа
Дупчење
Поставете го прстенот за подесување на
режимот на работа (4) на ознаката
„Дупчење".
Завртување
Поставете го прстенот за подесување на
режимот на работа (4) на ознаката
„Завртување".
Поставете го прстенот во претходно
избраниот вртежен момент (3) на саканиот
вртежен момент.
Ударно дупчење
Поставете го прстенот за претходно
подесување (4) на ознаката „Ударно
дупчење".
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 20
степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот
за вметнување запира.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (5) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
1 609 92A 6NF | (12.08.2021)
Со прекинувачот за избор на брзини (5) може да
изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина II:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
u
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (10).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(10) и држете го притиснат.
LED светилката (11) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Сопирачка за исфрлување од брзина
При отпуштање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (10) се закочува главата за дупчење и со
тоа се спречува повторното стартување на алатот што се
вметнува.
При завртување на завртки, прекинувачот за
вклучување/исклучување (10) отпуштете го дури откако
завртката цврсто ќе биде завртена во материјалот. На тој
начин главата на завртката нема да навлезе во
материјалот.
Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10)
не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на
алатот ќе се фиксира (1).
Ова овозможува навртување на завртки и при
испразнета батерија (8) одн. користење на електричниот
алат како одвртувач.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата (9) при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (10) за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и има 3 зелени
LED светилки.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading